Дневник од Нишка бања (1)

15.09.2022 12:10
Дневник од Нишка бања (1)

ПРИВИД

Последниве месеци сум во болниците одлично сместен. Како на угледен пациент ми даваат пространи и светли апартмани, со широк поглед кон околината. Опкружен сум со грижа и внимание. Па сепак, како што беше по земјотресот на патот по Јужна Америка во составот на државна делегација, ја чувствувам неодветноста и дури лажноста на својата положба. Наспрема моите вистински грижи и трауми ce издига заправо еден невидлив и студен ѕид. Камо среќа, така само да ми ce чини!

14. IV. 1988.

ОБРАД

Моето сеќавање станува опасно и cè почесто ме обеспокојува. Одеднаш ќе ce сетам за настани и луѓе што можеби со децении не ми иделе на памет. Кога ce работи за нешто што било не случајно потиснато во мракот на потсвеста, тогаш ете добра храна за мојата будна совест, изострена поради болесничката пречувствителност. Во една слична состојба покојниот Крум Тошев имаше незадржлива потреба на сите да им ce правда за некои свои постапки што тие и не ги паметеле. Потребна е, значи, одбрана пред оживено сеќавање.

Вчера ми излегоа како пред очи две Далматинчиња што учеа со мене во први клас гимназија (нижа) во Прилеп. Идеа секој ден пешки в град од „далматинското“ село и беа облечени селски, со делови на далматинската селска облека. Едното беше многу израснато, највисоко дете во класот. Сосем неочекувано, малку подоцна ce сетив дека ce викаше Обрад. Утрово, дури ce миев, ми се јави презимето Вуксановиќ, дури не дојдов до точното – Вујасиновиќ. И така – пред повеќе од половина век јас имав еден соученик што ce викаше Обрад Вујасиновиќ. За името на другото Далматинче, пониското, не можам cè уште да ce сетам. Ќе ce потрудам и да не ce присеќавам.

16. IV. 1988.

ОДЕЊЕ

Трипати во мојот живот сум учел да одам: како дете, после – по ударот во 1975 година, и сега, по оваа болест. Co проодувањето сум зачекорил смело во светот, да го освојувам, да ја сетам сладоста на трчањето и шалавењето. По ударот, таа пролет, молев да ме однесат негде надвор од градот, на Катлановско Брдо, кај Волково, само да не ме гледаат како ce мачам да ја усогласам во одот непослушната десна нога со левата. Напредував полека и успеав да ce вратам во животот со сите функции што му припаѓаат на маж во зрела возраст. Само да трчам веќе не можев. A пак cera ce учам на старечко одење, го зедов бастунчето в рака.

Чекорам тешко, ми ce чини како стапалата да ми ce полни со сено, според како што расправа Лесков дека Татарите им правеле на своите руски пленици, за да не можат ни да помислат за бегство. Секоја скаличка, секоја длабнатинка ја совладувам со голем напор и со големо внимание. Треба многу да внимавам, зашто видот ми е тешко оштетен и тоа уште повеќе ми пречи во одењето. Сепак ce борам за секој чекор, иако тој ме помирува cè повеќе со сите лишувања на староста. He сум спокоен кога не можам макар малку да излезам во паркот околу хотелот. Пред два дена нагло застуде. Сепак вчера ce решив да ce облечам потопло и да одам надвор. Беше толку студено што забележав дека преминува и по некоја снежинка. He ми текнуваше каков израз употребуваме за вакво време. После ce сетив: прсоли снег.

16. IV. 1988.

СТАРОСТ

Александар Вучо, многу одамна (тој треба да имаше тогаш минато шеесет), изјавуваше гласно и смело пред мене: – Што е тоа старост? Јас не признавам старост! Јас не чувствувам никаква разлика меѓу младоста и староста. Единствено што сега пополека одам.

– Вучо, – му забележав јас пакосно – ако ти одиш толку пополека, не значи ли тоа дека ти веќе не можеш да трчаш по жени?

Вучо ja пречека таа забелешка со молчење што значи одобрување. A јас пак дури сега гледам колку таа била точна.

17. IV. 1988.

ОГАН

Вчера во емисијата на Телевизија Сараево „Во неделите заедно“ еден млад човек, собирач на анегдоти, обрати, изненадувачки изрази во секидневниот говор, ја раскажа оваа случка. Во некое село, му ја изгореле на еден стар домаќин куќата, стара и таа, со тланик и баџа. По војната неговите синови направиле на истото место нова, убава, пространа зграда. Но стариот останал длабоко незадоволен, иако новото живеалиште било неспоредливо поубаво и поудобно од старото. „Ми студи во оваа куќа – велел. – Никако не можам да ce згреам“. „Како ти студи, – ce чуделе. – Ја гледаш оваа голема бела печка. Никогаш порано не ни било толку топло“. – „Што вреди, кога не го гледам огнот. Jaс ce греев со очите“.

Младиот човек раскажа една анегдота. Но во неа ce содржи и зародиш на лирска песна, и таа навистина може да ce преобрати во песна во смисла на мојата теорија дека една природна форма може да послужи за таква обработка.

Самиот раскажувач направи еден чекор во таа насока, кога забележа во својот коментар дека од гледањето на огнот на стариот му ce греела душата a и душата е оган. За да ce добие песна, треба да ce отклонат сите елементи што ја сочинуваат раскажувачката основа на анегдотата, и да остане чисто тоа доживување на допир или, подобро да кажеме, на милување меѓу два пламена.

17. IV. 1988.

Слики: Francis Bacon
 

Слични содржини

Книжевност / Култура
Книжевност / Уметност / Теорија / Историја
Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото