Чуму служи сексот?

03.09.2018 09:08
Чуму служи сексот?

 

Чуму служи сексот?

Кога излегуваме надвор
ние пушиме пушиме пушиме
сè додека не испушиме
и пиеме пиеме пиеме
додека не се срушиме
и јадеме јадеме јадеме
сè додека сè не прождереме.
И ништо не ебеме. Ништо не ебеме.

А кога немаме што да пушиме
кога немаме што да пиеме
и баш ништо да јадеме,
пак не се ебеме, пак не се ебеме.

Ама кој ќе се бавта со сексот?
Околу тоа треба да се потрудиш
избањаш, дотераш, намирисаш,
гајба да обезбедиш, избор да направиш,
да се зближиш, тактизираш и охрабриш
една, 2, 3 до 5 пијачки да се напиеш,
на крај да ги смкнеш гаќите
па да се испотиш, излигавиш
напорно да одработиш
и свршиш.

Долга е ноќта, на бога му ги краде очите,
разумот побрзо ветрее како зората доаѓа,
сè поширок ни е друмот, сè поплиток умот,
не знаеме што сè може да се случи,
ама го знаеме она што да биде не мора.

Полесно ни е да пушиме, пиеме и сереме,
кој уште и со сексот ќе се бавта.

 

Штикли


Секој има свои маки, свое бојно поле,
ги имам и јас ‒ повеќе комада...
но најглупавата, која најтешко ми паѓа
тоа е битката со штикли (на штикли).
Не дозволувам ништо да ми се одрази на фаца или чекор,
као кулирам, глумам слобода
а боде, жуља, сече... пропаѓа таа вечер.

Доаѓам дома, нозете отечени, стапалата ко маца да ги папала.
Ги соблекувам, ги зафрљачуем у ѓубре ‒ со пцости
ги вадам од таму после 15 минути ‒ со пцости
и пак ќе си продолжам така...
Однапред изгубена
битка мазохистичка,
но кој ме ебе кога сакам
да бидам пичка.

Не ми ги фаќај девојчињата!

Слушај дечко,
работите стојат вака:
другари сме, ама
ако продолжиш со тие пипки
ќе изгинеш по некои дупки!

Не ми ги фаќај девојчињата,
они се мои бонбончиња;
не им ги фаќај сукњичките,
не им ѕиркај по блузичките,
не им ѕверај во цицињата,
не биди каца
ќе го добиеш у фаца!

Не стартуј ми девојчиња,
фати други крајчиња;
тие се само љубезни и пристојни,
иако јас веќе не сум:
мислиш дека си експерт за женски род
али ќе пољубиш под!

Зар треба со нокти да ти цртам по фаца за да сфатиш
дека не можеш секоја жена да ја дофатиш?
Немаш логички пристап, не си мангуп,
целата памет ти тече од една вена,
од што заклучувам дека си глуп.
Помири се со тоа дека нив ги интересира жена
и не се ложат на тебе
туку на мене!

Убаво те молам да се откачиш.
Сфати го ова ко предупредување,
смири ги своите похотни прсти,
у погрешна црква се крстиш,
во одбрана на жените ќе ти врачам тупаница
и ќе ти ѕвизнам шлаканица.
Напрај си го есапот,
зар целата памет ти е во курот?

Осамениот пингвин

Сонив ноќеска сон:
на светот постојат
само четири бои:
западна, источна, северна и јужна.
И одеднаш творецот ме праша:
„Кој вид си ти?“
а јас збунета
по кратко колебање
велам: Тужна.

Се сепнувам, будам, станувам,
кога! во огледалото гледам
голем, запрепастен пингвин
со жолти очи
црвен клун
бел стомак
со зифт црн фрак
и со огромен подочњак.

Се штрекнав, малку размислив,
и пак, саклет ми е!

Океанот е далеку... предалеку.
Како да се стигне до родината
без патни документи,
банковни картици и готовина?
До Антарктикот е тешко да се оди,
многу ќе се изморам.
На копно сум трапав, во вода змеј,
водата е мојот рај.
Треба риба да се лови,
телото да се тови,
силен да бидам, милји да пливам, со јатото да мигрирам...
И морам да се парам
а немам каде и со кого.
Од глад после ќе умрам, ќе се распарам
и никогаш нема да се оженам.


Овде никој не може да ме сфати
а камоли да прифати
бидејќи не сме ист вид и ист врст
еднобоен
со трите прста под крст,
и не сум никаков даса
со фини манири и стас
и нигде нема да стасам
оти не сум од таа раса
западна, источна, северна ил јужна,
туку сум само еден единец
изгубен поединец,
единка осамена, тажна
за повеќето смешна или грда
изместен од простор и време
отпадник сум од своето племе.

 

Мултикултурална химна
(Мултикултуралистичка)

Јас сум троглав кур!
Едната глава ми е православна,
другата исламистичка,
третата будистичка.
Од трите пара очи извира мојата пичка.
Имам уште три дупки, цела група,
и само еден газ, ама католички,
Санта Марија од Гвадалупа!

Избор и превод: П. В.
Фотографии: Lora Mathis

Биљана Космогина

Мултимедијална уметница и активистка од Белград. Се занимава со перформанс, книжевност, фотографија и новинарство. Перформансите ги изведува самостојно или групно, на феминистички, книжевни и квир фестивали. Пишува за книжевни списанија и веб портали низ регионот. Добитник е на три книжевни награди. Застапена е во три антологии на српската проза преведени на италијански, германски и албански. Во рамките на групата ARTEQ со години е присутна на културно‒активистичката сцена. Нејзината збирка приказни F‒book објавена е во 2008 година.

Работата на Космогина е борба и за женските права, како и за правата на малцинствата; испитување на родовиот и сексуалниот идентитет, како и немилосрдна критика на политичкиот систем и патријахалните односи во општеството.

ОкоБоли главаВицФото