Пензионер сака да ja промени годината на раѓање како трансродовите луѓе што можат да го сменат полот

14.11.2018 01:51
Пензионер сака да ja промени годината на раѓање како трансродовите луѓе што можат да го сменат полот

Пензионерот Емил Рателбенд започна судска битка бидејќи сака да го промени датумот на своето раѓање за да може да продолжи да работи и да биде поуспешен со жените на Тиндер, популарниот сајт за љубовни средби.

Аргументот на 69–годишниот Холанѓанец е дека ако трансродовите луѓе можат да го сменат полот, тој би требало да има право да го промени датумот, односно годината на раѓање.

Емил Рателбанд би сакал официјално да има 49 години затоа што докторите му кажале дека има тело на 45-годишен човек и затоа поднел барање во документите да му се промени датумот од 11 март 1949 година кога е навистина роден, во 11 март 1969 година.

„Одев на лекарски прегледи и што покажаа тие? Мојата биолошка старост е 45 години“, истакнува пензионерот, кој работи како гуру за самопомош.
Меѓутоа локалните власти одбиле да го променат датумот на неговото раѓање, но тој продолжува со судската битка во градот Арнем.

„Како некој што има 69 години, јас сум ограничен, кога би имал 45 години ќе можам да купам куќа, да возам поинаков автомобил, би можел да работам. Кога на Тиндер ќе кажам колку имам години, жените не ми одговараат. Со 49години и со ова лице, би имал повеќе успех. Трансродовите луѓе можат да постигнат во изводот на родени да им се промени полот и на истиот начин би требало да може да се промени староста“, истакнува тој.

Овој случај предизвикал контроверзи во неговата земја, но Рателбанд не го загрижуваат негативните коментари. Тој тврди дека е дискриминиран заради возраста и дека компаниите одбиваат да го вработат.

Извор: Telegraf

 

ОкоБоли главаВицФото