Најстарата книжарница на светот што сè уште работи

19.07.2019 00:56
Најстарата книжарница на светот што сè уште работи

Книжарницата неколку пати го менувала сопственикот и локацијата, а дури 11 пати го променила името. Но, во текот на речиси 3 векови постоење книжарницата Бертранд (Livraria Bertrand), како што денес е позната била дом и место каде се собирале вљубениците во пишаниот збор и локација за многубројни културни настани и дебати во Лисабон.

Отворена во 1732 година, книжарницата Бертранд и во Гинисовата книга на рекорди е означена како најстарата книжарница во светот која сè уште работи.

Книжарницата ја отворил Петер Фауре и била замислена како мала продавница која многу брзо прераснала во омилено место за собирање на бројни португалски писатели и интелектуалци во вековите што следеле.

Оригиналната книжарница била уништена во голем земјотрес во 1755 година, а потоа сопствениците побарале постабилна локација. Денес, книжарницата се наоѓа во делот на градот кој се вика Чадо.

Ако се гледа однадвор, книжарницата делува како обична продавница на аголот, меѓутоа, кога ќе влезете ќе видите дека е сочинета од сплет на ходиници и простории што се шират низ зградата.

Мирот и тишината што ја опкружуваат книжарницата и кога во градот владеат најголеми гужви, создаваат атмосфера како да се наоѓате во црква. Иако е повеќепати реновирана и модернизирана и во неа нема нешто специфично старо, на одредени места ќе ги видите „гласниците од минатото“, како што се на пример, осамениот столб и дел од цигла што се одвојува од бојосаниот ѕид.

Извор: atlasobscura.com

 

 

ОкоБоли главаВицФото