Хирошима и сликите кои не сакаа да бидат видени

06.08.2019 12:25
Хирошима и сликите кои не сакаа да бидат видени

 

Атомското бомбардирање на Хирошима и Нагасаки убило околу 250.000 луѓе и било најужасниот масакр на цивили во модерната историја. Со години постоела необична празнина во фотографската документација - иако имињата Хирошима и Нагасаки биле силно врежани во меморијата малку придружни фотографии биле на располагање. И денес, приказите во умот ни се од срамнетите градови и распаднатите згради, а не од жртвите. 

Американските окупациски сили наметнале строга цензура на Јапонија, забранувајќи ги сите слики од бомбардираните градови. Тие останале врвно скриени со години.

На 10 август 1945, ден после бомбардирањето на Нагасаки, Јосуке Јамахата (Yosuke Yamahata) започнал да фотографира. Во само еден ден ја направил единствената екстензивна фотографска документација непосредно по крајот на атомското бомбардирање и на Хирошима и на Нагасаки.

На 6-ти август 1945, во 8.15 наутро, ураниумската атомска бомба експлодирала на 580 метри над градот Хирошима со заслепувачки блесок, создавајќи огромна огнена топка и кревајќи ги температурите на површината до 4000 степени. Жестоки бранови топлина и радијација се разнеле во секој правец, ослободувајќи шок-бранови со висок притисок, испарила десетици илјади луѓе и животни, стопила згради и возила, го срамнила градот стар 400 години.

Сите часовници во центарот на експлозијата застанале во 8:15, моментот на ударот.

До одредена оддалеченост од местото на експлозијата жештината била толку јака што практично сѐ било испарено. Сенките на предметите биле отпечатени на површините. Освен тоа, сѐ што останало од некои луѓе во Хирошима кои седеле на камени клупи во близина на центарот на експлозијата биле нивните силуети. 

Фотографијата горе десно покажува дамка на камени скали каде човек бил запален при експлозијата.


Луѓето инстантно биле запалени или парализирани во нивните дневни рутини, нивните внатрешни органи и коски биле претворени во јаглен.

Под центарот на експлозијата температурите биле доволно жешки да стопат бетон и челик. За неколку секунди 75.000 луѓе биле убиени и фатално повредени. 65% од мртвите имале под 9 години.

Смртта од радијација продолжила во огромни броеви во следните денови. „Без очигледна причина здравјето почнало да им опаѓа. Изгубиле апетит. Им паѓала косата. По телата им се појавувале сини дамки. И тогаш започнало крварењето од ушите, носот и устата.“

„Докторите им даваа инекции со витамин А на пациентите. Резултатите биле ужасни. Месото околу дупката од инекцијата почнуваше да скапува. И во секој случај жртвата умираше.“

Хибакуша е терминот кој се користи во Јапонија за жртвите на атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасаки. Тие и нивните деца биле и сѐ уште се жртви на силна дискриминација поради недостаток на знаење за последиците од радијацијата, за кои луѓето верувале дека се наследни или заразни.









 Извор: http://www.fogonazos.es

ОкоБоли главаВицФото