Бевме еднорица сосе мене

21.08.2019 14:13
Бевме еднорица сосе мене

 

 

- Колку време идете?
- Сега трета сезона.

 

- Ради тебе ми падна незгодно.
- Едно незгодно помалку.

 

- На површина сум, топло ми е.
- На дно сум, дојди.
- Епа тргни накај мене и ќе се сретнеме на полаДно.

 

Топ прашува пушка: Како изгледам?
Таа ко од пушка му одговара: Топ си!

 

- Убава сум.
- Мис ли си?

 

Изнајмувам простор у врска.

 

Плачам со вклучени бришачи.

 

Како не те мрзи да плачеш на времево.

 

Поминав со нервниот слом покрај тебе, ама не ме примети.

 

Сè што е убаво кротко трае.

 

Викам тину-нину за да ми поминеш.

 

Батали го него, тој ти е фолк во металска кожа.

 

Ако ти треба некој да те остави на раат, тука сум.

 

Мислев дека ми се сврте, ама веќе сум била на другата страна.

 

Бевме еднорица сосе мене.

 

Влегува d во соба со оглeдала...
d | b
--- ---
q | p


Гифови: LILLI CARRÉ

ОкоБоли главаВицФото