
Откако реагирав пред некој ден за програмата по Општество за 4 одделение, добивме продолжение. Мојата 9 годишна ќерка повторно дојде вознемирена дома со прашање: нели ти и тато ми рековте дека, иако не живеете заедно, ние сепак сме семејство?
БЕСНА СУМ, ЛУТА И НАВРЕДЕНА. ДЕТЕТО МИ ГО ПИПНАВТЕ И ЗА ТОА ЌЕ ПЛАТИТЕ!
НЕ, СЕМЕЈСТВО НЕ Е МАЖ, ЖЕНА И ДЕЦА КОИ ЖИВЕАТ ЗАЕДНО!
Погледнете дефиниции ако не сте во можност да разберете што значи да се биде семејство, да се искуси семеен живот и конечно да се разбере какви различни форми на семејство луѓето креираат и искусуваат.
Министерство за образование и наука, вие сте брука и срам, но пред сè вие сте најсилниот апарат за уништување на луѓето во оваа одамна утепана земја.
Ветувам дека ќе ги дознаам сите правни механизми и нема да се откажам од оваа битка додека вакви глупости не се исчистат од образовниот процес.
Ирена Цветковиќ, Фејсбук, 10.10.19.