Бескрајни згради

08.11.10 12:57

Овие фотографии го истражуваат можниот урбан простор, просторот меѓу сегашноста и иднината, градовите какви што се и какви што можат да бидат - серија фотографии на елементи од згради кои бескрајно се повторуваат.

„Бескрајни палати и згради“ е насловот на серијата, и се дело на фотографот Фабијано Бусдраги. Како се создадени? Секој прозорец е фотографиран еден по еден и потоа преку Фотошоп е составен овој џиновски колаж.

„Игра која навлегува подлабоко во просторот и времето, во која современите згради и палати се измешуваат, создавајќи нов архитектонски стил, каде само повторувањето има смисла“, вели критиката за делото на Бусдраги.

*КЛИКНИ НА СЛИКИТЕ ЗА ПОКРУПЕН SLIDESHOW

 

*КЛИКНИ НА СЛИКИТЕ ЗА ПОКРУПЕН SLIDESHOW

 

Слични содржини

Јавни простори
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност
Јавни простори
Јавни простори

ОкоБоли главаВицФото