1017 hPa
38 %
23 °C
Скопје - Нед, 13.10.2024 14:59
Град Скопје го поништил конкурсот за избор на директор на Младинскиот културен центар (МКЦ) со образложение дека пријавите биле нецелосни. На конкурсот се пријавиле музичарот Арбен Шаќири и сегашниот в. д. директор Русе Арсов.
За изборот на директор на МКЦ, за што беше објавен конкурс во февруари, реагираа голем број уметници и културни работници и напишаа отворено писмо до премиерот Заев барајќи Арсов да остане на чело на оваа културна институција, а не Арбен Шаќири за кој се ширеа гласини дека може да биде назачен за директор на МКЦ. Оттогаш започна и кампањата на социјалните мрежи насловена #НеГоЧепкајтеМКЦ.
„Речиси една деценија МКЦ е дом и обединувачки фактор на македонската независна културна сцена. Тој е единствен простор каде што скопската и македонската алтернативна младина добива шанса уметнички и општествено да се изрази без да е обременета со комерцијални стеги. Континуитетот и развојот на МКЦ во последнава декада, но и реализацијата на програмските предизвици, е без преседан во современа Македонија, од осамостојувањето до денес. Конечно, МКЦ Скопје е една од ретките јавни институции, ако не и единствена, која комплетно успешно и без никаква злоупотреба си ја извршува својата работа“, стоеше меѓу другото во писмото.
По реакцијата во јавноста изборот се оддолжи, а сега конкурсот е целосно поништен. Нема информации кога ќе биде распишан нов.
Продуцентот Арсов беше назначен за в. д. директор на МКЦ во март 2018 година, откако претходниот директор Златко Стевковски си даде оставка.