(Во оваа магла...)

20.12.2019 11:43

Во оваа магла
не можам да видам дали имаш душа.

Во оваа магла
и соништата се гушат.

Во оваа магла
мојот поглед едвај се слуша.

Во оваа магла
градови се рушат.

Кога ќе се крене оваа магла,
на нашите очи што се лепи,
ќе сфатиме, предоцна,
колку сме биле слепи.

 

Ива Дамјановски е родена 1996 година во Скопје. Пијанистка и поетеса. За книгата поезија „Тие“ во 2017 година ја доби наградата „Игор Исаковски“, која се доделува за првообјавена книга поезија за автори помлади од 21 година.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото