Леонардо да Винчи, мајсторот на промената

04.01.2020 12:10
Леонардо да Винчи, мајсторот на промената

Ретроспективната изложба на делата на Да Винчи во музејот Лувр во Париз е визуелен еквивалент на поздравот со 21 пиштол и дувачки оркестар. Меѓутоа, оваа чудесна изложба во чест на 500-годишнината од смртта на Леонардо е тонално потивка, побавна, подобра.

Исто така, таа е биографски отпечаток на талентот кој го претставува романтичниот модел на Големиот Уметник, но и на оној кој самиот направил отклон од тој идеал и пред сè, себеси се идентификувал како некој кој е лудо посветен на науката, кој подеднакво време посветувал на пишувањето како и на создавањето уметност и ги игнорирал сите зададени рокови до денот кога заминал од овој свет.

Тој ден бил 2 мај, 1519 година. Смртта го сочекала во неговата 67-ма година од животот, во Франција, каде ги поминал своите поледни години, како дворски сликар на кралот Франсоа I. Престојот на Леонардо во кралскиот дворец го објаснува големиот процент на неговите дела – вкупно 15 до 20 слики за кои се смета дека самиот ги изработил, завршиле во колекцијата на Лувр, но и тоа зошто овој омаж на уметникот се претставува во Франција наместо во неговата родна Италија.

Некои детали за животниот пат на овој уметник дознаваме од модерни извори, главно од фасцинантаната мини биографија на Џорџо Вазари. Леонардо да Винчи е роден во бракот на младата ќерка на еден земјопоседник и нотар, кој никогаш не го признал синот. Вазари ни открива дека младиот Леонарди бил многу убав, полиматски надарен и бидејќи бил јавно обвинет за злоставување на помлад маж, отворено, дури емпатично бил геј.

Бил комплициран човек. Радосен и мрачен, великодушен и воздржан, самоуверен и несигурен. Ако ги споите сите овие работи, ќе го добиете портретот на харизматичниот аутсајдер: добро воспитан, угладен, друштвен и ултраинтелигентен, но и расеан и манијакално фокусиран на својата уметност.

Поставката во Лувр која ја сочинуваат околу 160 дела ќе биде изложена до 24 февруари, а се занимава со неговите почетоци како чирак во работилницата на фирентинскиот сликар и скулптор, Андреа де Верокиo. Во средиштето на предниот делод галеријата се наоѓа едно од најголемите дела на Верокиo, огромната скулптура „Христос и свети Тома“, изработена во бронза. Оваа скулптура е речиси лекција за спојувањето на реализмот и грациозноста, кои ја дефинирале фирентинската уметност на 15-от век.

Во истата просторија се наоѓаат и десетина насликани драперии на ѕидовите околу скулптурата. Некои се на мајсторот Верокиo, а некои ги изработил Леонардо, неговиот тогашен ученик.

Кариерата на да Винчи во времетрањето од речиси 40 години го поминала патот од Фиренца на нејзините тогашни владетели, семејството Медичи, преку Милано, до папскиот Рим и на крајот до Франција.

Нарачките стигнувале брзо, а Леонардо ги пробивал речиси сите рокови. Некои од неговите слики биле завршени само благодарение на неговите помошници. Сликата „Богородица меѓу карпи“ е една од тие слики. Таа има две верзии, а првата, онаа што датира од 1483 – 1485 година, која се наоѓа во Лувр и на која уметникот работел до крајот, го етаблирала клазичниот израз на Леонардо: еден вид магичен суперреализам, фантастичен но супер прецизен.

Најпознатата слика на Леонардо, „Мона Лиза“, тој кај себе ја задржал до крајот на животот, како што направил и со други слики кои го работел до смртта.

Кустосите на изложбата во Парис, во поставката, исто така, вклучиле десетици подготвителни цртежи кои ги покажуваат во акција умот и раката на Леонардо. Тоа го гледаме во галеријата посветена на неговата експериментална научна работа, која, всушност ја сметал за најважна и според која сакал да остане запаметен за идните генерации.

Овој материја, главно е сочинет од тетратки подредени според категории: човечка анатомија, ботаника, зоологија, космологија, инженерство. Цртежите истовремено се поетски и прецицни и секогаш се придружени со текстови.

Сериозно промислената изложба која настојува јасно да го толкува животот и уметноста на Леонардо да Винчи се затвора со мистерии, мали слики, кои посетителите ги водат кон крајот на поставката. Една е постхумен портрет, кој со црвена креда го насликал неговиот долгогодишен помошник, Франческо Мелки, на сликата Леонардо гледа во сопствениот цртеж сместен на другиот крај на просторијата, насловен „Потоп“. Веројатно настанал една или две години пред неговата смрт, цртежот претставува катастрофичен, турбулентен приказ, или екстатичен? Тој го прикажува светот потопен со вода, удиран од ветер во процесот на настанување или исчезнување. Не знаеме точно. За него двете работи биле исти. Промената на светлината во темнина и обратно – повторно во светлина била боженствен облик и таа била движечка сила на неговата уметност.

Извор: The New York Times

 

ОкоБоли главаВицФото