Почина пејачката Неџмие Пагаруша

08.02.2020 12:47
Почина пејачката Неџмие Пагаруша

На 86- годишна возраст, во Приштина почина Неџмие Пагаруша, позната и популарна пејачка на народни песни и оперски арии од периодот на поранешна Југославија.

Таа беше инспирација на многу генерации, родена е на 7 мај 1933 година во селото Пагаруша, во Косово.

Честопати била прогласувана за „кралица на народната музика“ и беше позната во поранешна Југославија, на Балканот и во светот по својот специфичен и раскошен вокал. Нејзиниот репертоар беше исклучително широк – од народни песни до оперски арии на Пучини, Верди и други. Неџмие Пагаруша играла и во неколку филмови.

Музичко училиште завршила во Белград, каде за продукцискатата куќа ПГП ги снимила и своите први песни, а пејачката кариера ја започнала во 1948 година на Радио Приштина.

Нејзината музичка кариера траела 40 години, до 1988 година, кога се збогувала од публиката со концерт во Сараево.

Нејзина најпопуларна песна е „Чобаница“, која ја компонирал нејзиниот сопруг, Реџо Мулиќ.

Во периодот од 1967-та до 1997 година играла во единаесет југословенски филмови.

 

ОкоБоли главаВицФото