Груевизмот и фашизмот

19.11.2010 14:18
gruevizmot-i-fasizmot-1.jpg

Ур-фашизмот сеуште е покрај нас, понекогаш и во цивилка. Би ни било полесно кога на светската сцена би се појавил некој кој би рекол: „Сакам одново да го отвориме Аушвиц, сакам црнокошулашите одново да парадираат низ италијанските плоштади“. Но животот не е толку едноставен. Ур-фашизмот може да се врати под најневини маски. Наша должност е да го разобличуваме и да го вперуваме прстот во секое од неговите нови отелотворенија - секој ден, во секој дел од светот.

Умберто Еко


Баш се препознав меѓу оние со кои премиерот е незадоволен, оти го споредувале со Хитлер. Откако ме слисти вицепремиерот (дека работам на рушење на демократски избраниот поредок) сега ме репна и премиерот лично! За портпаролот на владеачката партија да не ни зборувам; тој ми изброја дека сум кеширан со шеесет илјади евра на рака, од Сорос. Но, со оглед дека сум нападнат од двајцата најмоќни луѓе во земјава, под секое ниво е да се занимавам со Бичиклиски, зарем не?! Со кумот Ставре веќе се занимавав, така што останува да се обидам да се одбранам од нападите на првиот министер и господарот на нашата долина на плачот.

Точно е, во најмалку десетина текстови изминативе три години сум го споредувал режимот на Груевски со нацистичкиот режим. Можам дури да се обидам во едно купче на интернет да ги направам достапни тие текстови, за службите да не се мачат. Во секој од тие текстови се трудев да бидам аргументиран и прецизен, да не импровизирам и да не донесувам прелесни заклучоци. За жал, аналогиите бодат очи. Ме учеле историјата да ја разбирам како учителка на животот, и од тие причини се обидувам и самиот да дејствувам колку-толку едукативно. Ќе ги повторам уште еднаш клучните структурни сличности меѓу груевизмот и нацизмот, па читателите нека проценат дали грешам и дали премиерот има право да се лути заради споредбите. Ќе се повикам (во најголем дел) на клучниот текст на Умберто Еко, за ур-фашизмот, но ќе ги скратам неговите поенти:

1. Првото обележје на ур-фашизмот (прафашизмот) е култот на традицијата.

2. Новата фашистичка култура мора да биде синкретистичка. Таквата комбинација мора да ги толерира противречностите. (Ем православни, ем антички, ем Словени, ем мистична првобитна раса - тоа се Македонците, според груевизмот.)

3. Традиционализмот имплицира отфрлување на модерната. Просветеноста, векот на умот, се смета како почеток на модерното изопачување. Во таа смисла ур-фашизмот може да се дефинира како ирационализам. (Македонската модерна беше социјализмот. Затоа груевизмот ја отфрла таа традиција.)

4. Ирационализмот исто така е зависен од култот на акција поради акција. Една во себе убава акција мора да успее пред мислењето или во потполност без мислењето. („Остваруваме! 24/7! Не се откажуваме дури ни од најдеструктивните замисли!“ „Скопје 2014“ е кристален пример за тој ирационализам.)

5. Зашто мислењето е форма на кастрација. Оттаму културата станува сомнителна штом ќе се идентификува со критичките ставови.

6. Либералната интелигенција е предавник на традиционалните вредности. Несогласувањето е предавство по себе.

7. Ур-фашизмот расте и бара поддршка така што го користи и заострува природниот страв од различното.

8. Ур-фашизмот настанал од индивидуалната или социјална фрустрација.

9. Во корените на прафашистичката психологија лежи опсесијата на заговор; најдобро е меѓународен заговор. Следбениците мораат да се чувствуваат опколени.

10. Бидејќи бесконечната војна и хероизмот навистина се тешки игри, фашистот својата волја за моќ ја пренесува на сексуалноста. Овде лежи изворот на мачоизмот (во кој спаѓа и насилничката нетолерантност спрема хомосексуалноста).

11. Ур-фашизмот се темели врз селективен популизам. Во демократијата граѓаните имаат индивидуални права, но земени во целина тие поседуваат политичко влијание само во форма на толпа - се следат одлуките на мнозинството. За ур-фашизмот индивидуите како индивидуи немаат никакви права, додека народот, напротив, е сфатен како квалитет, како монолитен ентитет кој ја изразува заедничката волја. А бидејќи големиот квантитет од луѓе не може да има никаква заедничка волја, водачот се претставува како нејзин толкувач.

12. Обидите да се откриваат сè подревни извори на сопственото национално величие исто така е особина на фашизмот. На пример, еден од главните идеолози на нацизмот, Алфред Розенберг, ги контролираше сите истражувања на праисторијата со намера да ја докаже супериорноста на ариевските Германи. Хајнрих Химлер, со својот институт Ахненербе, кој беше основан и дејствуваше во рамките на SS, исто така инсистирал да му се признаат сите компетенции во областа на археологијата, сè со цел да се пронајде колепката на германската раса.

13. Фашизмот манипулира со племенскиот аспект на нацијата, а го игнорира граѓанскиот аспект. За таа историски специфична форма на еден образац на колективно однесување, како што вели психијатарот Душан Кецмановиќ, карактеристични се пристрасноста, нетолерантноста, деградирањето на рационалното, зголемената подложност кон емоционални поттици, екстремизмот, поедноставувањето на сложените односи, ослободувањето од индивидуалната одговорност и нејзино пренесување врз колективот, ригидноста, склоноста кон конформизам односно потчинувањето кон авторитетот, агресивните чувства спрема оние кои се сметаат за инфериорни, атмосферата на некритичност кон својата група и преголемата критичност, па и отвореното непријателство спрема спротивната група...

Сето погоре наброено јас го видов во груевизмот и во таканаречената преродба изминатите четири години. Се разбира дека не мислам дека груевизмот го следи нацизмот и во неговите најрадикални форми (убиства и војни), но структурните политички сличности, повторувам, навистина се повеќе од очигледни.

„Глобус“, 16.11.10.

слики: Adrian Ghenie

Ах колку е само неопходен тој

Ах колку е само неопходен тој Голи Оток 

Имам напишано една колумна

Имам напишано една колумна токму на истава тема. Точно е дека одредени карактеристики можат да се најдат и во владеењето на Груевски и во владеењето на Наци Германија. Но, по одредено поминато време од колумната, кога би погледнал вака од дистанца, можам да заклучам дека всушност со скоро секое владеење може да се најдат сличности со Нацистичкото! Посебно, ако ја споредиме економската политика на Хитлер ќе забележиме дека цел свет се развива натаму. Постои приватна сопственост, но целосната активност на приватното делување е контролирано и диригирано одозгора. Не звучи ова познато?

 Јас љубовта кон мојата земја

 Јас љубовта кон мојата земја и кон мојот народ сум ја посведочила и ја сведочам на илјадници начини, преку збор со реална духовна власт, исто како што имам сила да ја заштитам и ја штитам мајка ми од вашите пцовки. Кога веќе толку далеку отидовте во дрскоста дури и против мојата навистина необично благословена мајка, ќе ја трпите и казната (не би сакала некој мој да се најде во ваша кожа отсега, а и не може). Што да правиме? Секој сам си ја крои капата. А моето прогонство ќе ви вроди страв Божји, да имате колку за квас. Ете, ви реков. Мислете вие дека ве гони државата и натаму... Овој пат јас ве гонам и ве стасувам доволно брзо. Само не се надевајте дека тоа прогонство можете да го издржите. Оној што има многу љубов и може некако да се бори со Бога, но луѓето кои водени од својата самобендисаност плукаат по Него и Го навредуваат незадоволни од своето постоење навистина ќе мора да се соочат лично. Поздрав, Коља. Иднината сепак е во покајанието. 

 Фашизмот е непопуларен по

 Фашизмот е непопуларен по геноцид, по масовни убиства, не по обидот да се спаси општеството со консолидирање на националниот дух. И така, и оваа компарација ви пропадна всушност.

 Ама господинот Гелевски

 Ама господинот Гелевски мисли дека е фантастичен, штета што нема Like и Dislike е тек тогаш ќе се види колку не се почитува неговиот стил на пишување и плукање по власта и секој оној кој има различно мислење и едноставно неговите теории се секогаш точни.

Чудна работа е тоа, да се

Чудна работа е тоа, да се зборува во сопствено име, бидејќи тоа не доаѓа со посматрањето на себе како јас или како особа или субјект кој зборува во свое име. Токму спротивно, индивидуата пронаоѓа вистинско име за себе само со помош на најсериозна вежба по деперсонализација, отворајќи се за мноштвата кои преминуваат од дел во дел, за интензитетите кои минуваат низ нив. Името како непосредно разбирање на таквото интензивно мноштво е спротивно на деперсонализирачкиот учинок на историјата на филозофијата; тоа попрво е деперсонализација низ љубов, отколку потчинување. Она што се кажува доаѓа од длабочините на сопственото незнаење, длабочините на сопствената неразвиеност. Се станува збир од ослободени сингуларитети, зборови, имиња, нокти, ствари, животни, мали настани: токму спротивно од славната личност.

Фашизмот им дава на масите да

Фашизмот им дава на масите да дојдат до својот израз, но не и до своите права, вели Валтер Бенјамин, еден од највлијателните филозофи на 20 век (кој извршил самоубиство 1940 година). Деновиве прочитав еден фасцинантен текст, „Молчењето на Бенјамин“, од Шошана Фелман, и со оглед дека таква ни е темата и дека токму деновиве одбележуваме два важни датуми од македонската историја, еве неколку сведени и приредени реченици и од Бенјамин, за врската меѓу историјата и фашизмот:
Историјата сега е во сопственост на нацистите, оние кои можат да го надзираат и манипулираат нејзиниот дискурс. Хитлер ја заговара верноста спрема историјата како доблест со која Германија ќе се одмазди за нанесените неправди.
Во нацистичка Германија историјата е фашистичка. Фашизмот се легитимира во име на националниот идентитет, на темелите на единството во континуитетот на историјата.
Историцизмот затоа се темели врз разбирањето на историјата како победа. Фашизмот навистина е филозофија на историјата како победа.
Задачата на историчарот денес се состои да ја избегне соработката со криминалниот режим и со фашистичкиот дискурс. На сличен начин, историчарот на иднината ќе треба да биде внимателен за да го избегне соучесништвото со историскиот варваризам и со прикриените (а сега отворени) злосторства на културата. Историчарот мора да биде револуционерен за да не биде случаен соучесник. Соучесништвото е многу поголема опасност и поголема казна дури и од смртта.
 

Поентата е: наместо учесници

Поентата е: наместо учесници подобро е да бидеме ученици (на Еко, на Бенјамин, на историјата и теоријата кои ловат структурни сличности за тревога). Оти и денес, во ерата на големите неизвесности и стравови, среде немилосрдната борба за опстанок и ресурси, фашистичките тенденции изгледаат мошне жилаво насекаде; можеби во најсоголена форма тие се присутни во исламскиот свет, искомбинирани со верскиот фундаментализам, но одново бабрат и бамборат и во своето место на потекло: Европа.
Како денес, пред новите форми на фашизмот, можеме да се спротиставиме на нешто толку познато и, се чини, толку неумитно?! Како да не станеме жртви на хтонските градинарски џуџиња?! Имануел Кант на девизата на конзервативците: „Не размислувајте, бидете послушни!“ одговори со умереното: „Бидете послушни, ама размислувајте!“ Се чини дека вистинскиот одговор пред тоталитарните тенденции сепак треба да биде: „Бидете непослушни! И размислувајте!“

Se gleda deka Branko pochnuva

Se gleda deka Branko pochnuva predizborna kampanja.

Значи многу е интересно кога

Значи многу е интересно кога некој ќе прочита есеј(книга,штоидае) и смета дека го фатил Бога за брада,читај,открил убиствено оружје за колумна(и)(да не речам цела стратегија,ехехех) бидејќи е неспособен да „смисли нешто со свои зборови„ (К-15)

Оф,од каде па Умберто Еко е арбитер за дефинирање на нео-ур-фашизми ?

Еко не плаши дека „вечниот фашизам „суштествува секогаш и секаде само во „завиена„ форма која некој силен либерален ум ќе успее да ја „развие„ по потреба и на очиглед на сите кои спијат како бебиња во „ур-фашистички„ прегратки не сонувајќи дека мајката е всушност злобната маќеа?

Цццц,се прашувам зошто му е потребно на Еко да го преименува фашизмот во ур-фашизам?Просто затоа што со додавањето на епитетот „вечен„ на историски жигосаната идеологија секој „либерален мислител„ добива „непобедливо„ оружје против својот идеолошки „непријател„ ,и тоа на неограничено користење,без истовремено да се замара со спецификите на тековното идеолошко миље кое му е камче во чевелот.Навистина,мафтањето со ваквите паралели е не само несериозно туку и нестудиозно.

Немам никаква намера да замарам со разликите меѓу фашизмот и владеењето на власта во РМ како што авторот на колумнава мафта со наводните „сличности„,само ќе повикам на промена на излитената тактика.Идејата на Словенците е пасе а потценувањето на (неписмениот,нечист букефалоидно фашизоиден )политички противник никогаш не вродило ,нити ќе вроди ,со плод.

Исто срање се СДСМовците од

Исто срање се СДСМовците од ГЕМ и ВМРовците.
Едни го плашат народот со некакви нивни измислени КОМУЊАРИ а другите со некакви нивни измислени ФАШИСТИ. Во МК нема ни комунисти ни фашисти туку само две партии кој се тепаат за власт и се обидуваат да добијат гласови со сеење на страв и заплашување на граѓаните со можните `страшни` реперкусии на победата на спортивната страна.
Никола Гелевски е типичен СДСМ-ски пропагандист. 

О, Груевци! Доброутро!

О, Груевци! Доброутро! Откривте топла вода! Како бе, никој досеа не ви кажал за таков феномен, агитпроп?! Јадни наивни зелени портокаловци, ццц...
Имам само пар забелешки: пропагандата не е секогаш лага, нели?:) Факт е, на пример, дека Соња Исмаил е ќерка на Ѓунер, дека плоштадецот Дамјан Здравев е роднина со вмро дрматорот Здравев, дека Ставре и Грујо се кумови, како и претседателот на собранието и претседателот на врховниот суд, дека Грујо е братучед со шефот на ДБК итн...
Исто така, се чини дека не е далеку од вистина жестоката петгодишна кампања на ДПМНЕ против Бранко и СДСМ - дека баш и не работат, дека се мрзливи и без посериозни резултати...
Е па, мили портокаловци, ми се чини дека не е далеку од вистината констатацијата дека преродбата е скакулска стихија што ја опустоши земјава за само 4 (додуше пропагандно фуриозни) години... Не е далеку од вистината ни констатацијата за крипто фашистичкиот карактер на Златниот-Црниот, зарем не?:)
Се сеќавам на стара колумна на Гелевски, од пред веројатно три години, кога ги молеше преродбениците да не ја редуцираат политиката на ниво на пропаганда, дека не е на арно владата да се претвори во ПР агенција... Зашто, на крајот од пропаганда и ќе загинеш...

 Дали е во ред НВО во овој

 Дали е во ред НВО во овој случај ГЕМ да се користи за партиска платена политичка пропаганда?
Дефинитивно НЕ
Не, дека тоа не го `Жртвите на транзицијата` туку дека не е во ред да се користи НВО за партиска пропаганда нема ништо нелегално во тоа туку е неморално и зборува за негрижата и злоупотребата на СДСМ и ДПМНЕ на н.т. Граѓанско Општество и НВО сектор.
Кој прв почнеа ММЕ сега не помага.

Зарем е пропаганда и зарем е

Зарем е пропаганда и зарем е лажна во македонскиот контекст оваа прекрасна согледба на Бенјамин?:

„Фашизмот им дава на масите да дојдат до својот израз, но не и до своите права.“

Зарем не се сеќаваме со каков ентузијазам (сега тотално во дефанзива) груевистите, особено по Букурешт, ја моделираа македонската историја по сопствен кејф, онака од тепка, прогласувајќи не’ за најстар народ на светот, антички Македонци итн? Зарем целиот проект Скопје 2014 не е потчинување на историјата за потребите на преродбата?:

„Историјата сега е во сопственост на нацистите, оние кои можат да го надзираат и манипулираат нејзиниот дискурс. Хитлер ја заговара верноста спрема историјата како доблест со која Германија ќе се одмазди за нанесените неправди.“

 Секој режим од 1912 па

 Секој режим од 1912 па наваму во МК ја моделираш Историјата за да им служи на нивната идеологија дали е Српска, Бугарска, Југословенска. Историјата е Балканската Курва.

Инаку од времето на Пулески

Инаку од времето на Пулески Македонски Национален Идентитет се поврзува со Антиката и Александар и Компанија. Ова не е некоја нова иновација и откиривање на топла вода. Во Мк има т.н.Антиквизација веќе повеќе од 150 години. 
Најдобро работата ја опишува Петко Славеијков носителот на Бугарската Црковно-Државна Пропаганда во Македонија од втората половина на 19 век.
"Многу пати сме слушнале од Македонистите (етнички Македонци) дека не биле Бугари, но Македонци, потомци на древните Македонци." 
Петко Славеијков ( јануари, 1871 )

Точно е и дека грчката

Точно е и дека грчката егзархија го асимилирала словено-македонското население низ Македонија со приказните за нивното античко потекло... Точно е и дека Грците уште пред сто години околу антиката воделе слични спорови и со Бугарите... Инаку, и фашистите имаа историска („научна“) аргументација од која боли глава. Штавише, Германците ја измислија, згора на се’, дури и грчката антика како европски културен темел, а богами го измислија и грчкиот народ како континуитет со антиката...
Не збориме овде за тоа! Збориме дека Златниот-Црниот е ситен фашистички манипулант, какви што Европа видела со лопати да ги ринеш! Ист таков налик на неговите грчки, бугарски итн. браќа манипулатори, што владеат со своите народи више-мање нацистички...

 Мојата поента според тие

 Мојата поента според тие критериуми 99,9% од светската популација е во овој момент под фашистичко-нацистичка опресија.

 Ало, (шк)арт директоре, па

 Ало, (шк)арт директоре, па ти ги смести фашистите во 17 век! Ако навистина си она што псевдонимот твој вели, би требало да знаеш за историјата на уметноста, хуманизмот и ренесансата малку повеќе од просечен шестоодделенец. Али јбг, македонски синдром е да се поставуваат за „арт директори“ личности што не знаат на два вола слама да им поделат...

Аналогии на Кољо се толку

Аналогии на Кољо се толку слободни и широки.
Користи крајно отворени на толкување цитати што ако се применаат на општествените системи и власти во светото во овој момент најверојатно 99% ќе испаднат `фашистички` режими. 

Пред Грујо, барем бев горд

Пред Грујо, барем бев горд што сме единствениот народ на Балканот кој не е апла наци (туку е толерантен и флексибилен дури и во однос на сопствените основачки митови). Сега и ние станавме гнасни фашистчиња ко Грците... А се разбира дека малиот фашизам нема никакви шанси со големиот... Тоа беше најидитскиот политички потег на фрустрираниот рекламен агент Гревски: на Грците да им се одговори со нивната мерка. Идиотски и самоубиствено!

 Горд или Аморфна Маса

 Горд или Аморфна Маса Безрбетници е прашање на вкус.
И со ова ниво на `нацизам` за Европски Стандарди оние од ЕУ Македонците се Нумеро Уно Космополити во Европа.

Добра опсервација. Би ја

Добра опсервација. Би ја надополнил со мислењето дека не се работи само за Грујо туку за егејците воопшто. Тој дел на македонскиот народ има доживеано национална катастрофа (егоздус после граѓанската војна) и кај нив постои колективно искуство. Тоа ги прави да бидат кохезивни, конспиративни и желни за одмазда. Го чекаа овој момент да дојдат на власт во Р Македонија 60 години и сега нивните партикуларни цели (реституција на имотите, враќање на граѓанските права во Грција) ги ставаат над се. Вардарските Македонци се малку понаивни, и се поведуваат зад политиката за името, а всушност промената на името на државата ќе означи крај на надежите на егејците. Блискоста до Грците со кои живееле секако дека се одразила на колективните црти на нивниот карактер.

Јустинијан, ти си изразито

Јустинијан, ти си изразито глуп, груб и вулгарен дечко што дреме на шанкот и пријавуе. Таквите гадни типови ги знаеме (освен ко кодоши во тоталитарните режими) и од вестерн филмовите. Обично џиткаат ножеви у грб и праат разни други курназлуци, во зависност од тоа какви се најновите наредби од власта на најновата локална банда.
Чуј, гревче, сто пати ви било речено на Окно: покрај сите тие милијарди евра што ги спичкавте на ПР, не најдовте еден макар средно интелигентен и образован човек, за да го овластите за Окно?! Ебате преродбата, стварно, коа е спадната на вакви лизгачки шкартови.
Инаку, разни историчари и теоретичари (Исаија Берлин, на пример, во својата книга Корени на романтизмот) прават аргументирани поврзувања меѓу германскиот (па и британскиот) романтизам и нацизмот. Идеите за чиста раса, гени, потекло, Европа, Ариевци итн. не се баш измислица на Хиќо.
Ама, Јустинијан, стварно сте напорни. Неписмени, а агресивни. Морате ли целото знаење од овде да го црпите, добога?! Нек ви платат некој вечерен курс од преродбата, нек ве дружат меѓу себе, низ игра да учите...

 Кој спичкува пари на што

 Кој спичкува пари на што може да се види од `Надежта` ГЕМ-овци СОРОШ, Плоштади Слобод, Фабрика, А1, Утрински Шпиц и остали инструменити за дискредитација и пљукање и вреѓање на неистомислениците како што е овој коментар погоре.

 (Ф)арт директоре, несреќо,

 (Ф)арт директоре, несреќо, јас сум само еден заколнат критичар на глупоста, прости ми ако те навредив. И молим те не ме поистоветувај со портокаловите, јас за мнозинството од нив го имам истото мислење како и за тебе.
И ти во погорниот коментар не пљампаше за германско-британски романтизам, туку за ренесанса, простаку! Нема баш и некоја разлика, само едно 300-400 години, ситница... Од друга страна, за теориите за поврзаноста меѓу германскиот романтизам и фашизмот делумно се согласувам, бидејќи нели Ниче му е идол на Хитлера, а Ниче пак бил длабоко инспириран од Хегел, ама проблемот е што и Хитлер и Ниче целосно ги изопачиле идеите кои ги инспирирале, за сопствени потреби, нели... Ти звучи познато? Да, па ти и твојата квазиинтелектуална банда сте толку упорни во влечење такви спинувани аналогии на сајтов, што ме зачудува како досега не сте дискутирале за Аристотеловото влијание врз модерниот корпоративизам.
И уште една работа - мисли малку со своја глава, несреќо! Само затоа што некој ти рекол да урлаш „фашизам, фашизам“ (пеки ако те плаќаат за тоа), не значи дека сите ќе ти поверуваат. Она што сакам да ти го кажам е да си го прашаш лидерот каква судбина би те снашла доколку пред 30 години отворено си изјавувал дека власта е фашистичка, и после, пошто си по аналогиите, сам влечи си заклучоци...
 
In La'kech

Кој спомна ренесанса?! Зборев

Кој спомна ренесанса?! Зборев дека грчкиот народ (комплет со антиката ко европски темел) више мање го/ги измислија германските (и британските) археолози и романтичари, во почеток на 19 век. И од тогаш јадните Грци го носат товарот што е претежок за нив. (Среќа, сеа се појави Златниот-Црниот, џуџестата еманација на Александар, да им олесни малку.)
Јустинијан, почнуеш да заличуеш на ЕПП и Вагнер (башка и со имињата си им тука, ве дрма вас глеам новооткриениот македонски наци романтизам, тричави 200 години после европскиот): да не ги прегориш сијалиците, батка, од премногу напрегање?!

Кутрите Грци Мораат од тогаш

Кутрите Грци Мораат од тогаш мора да носат само тоги.Да имаат редовно анален секс и организираат Олимпијада секоја четврта година.
Сака и Италијаните да ги направат Римјани само овие решија да бидат жабари и мафијаши а и по некој сатир колку за премиер.
Македонците може да бидат сламкари и дилери на мара , чушки и афион за да не го ностат `претешкиот товар на Антиката`.

Нагласувам: зборам за

Нагласувам: зборам за ново-Грците (Ромеите) и идејата за Европа, да не се збуниш, Јустинијан, со своите средношколски знаења. Не зборам за антика во ренесанса (и многу пред тоа)...

 На што мислиш сега, на

 На што мислиш сега, на ново-Грците, Ромеите или на идејата за Европа? Пак си ми конфузен к'о Станковиќ на прес-конференција, едното со другото абер нема... Ромеите барај ги во Византија, а идејата за Европа провејува спорадично од 15 век наваму (гуглај Еразмо Ротердамски). Грција како држава е производ на Британската Империја и целата ароганција во соседско-малцински прашања која ја следи од 1821 до денеска е резултат на империјалниот протекционизам. И уште не ми е јасно што има тоа врска со фашизмот... 

 Кољо сега може да ни држи и

 Кољо сега може да ни држи и беседи за страдањето на Французите поради Галските Товари, Британците поради Келтските, Италијаните Римските, Албанците Илирските, Унгарците Хунските, Швеѓаните Викиншките итн

 Г-дин Коља или другар Коља

 Г-дин Коља или другар Коља не знам кое обаќање му е помило, се фатил како пијан за стап за индивидуализмот. Цело време го критикува колективизмот како нешто опасно и фашистичко. Па Коља општествата се развиваат како колектив а не на база на чист индивидуализам. Ти цело време се обидуваш да го критикуваш колективизмот како нешто опасно (веројатно садењето дрвца на денот за дрвото кога садат сите луѓе без оглед на која група припаѓаат по било кој основ, ти е нешто најфашистичко),  а за што всушност се залагаш? Што си по убедување? Индивидуалист-комунист колку и да звучи парадоксално?

Da ne se zezame, nacistite

Da ne se zezame, nacistite bile faca, stvarno bile jaki..
Si go popusile svoeto i toa e...

ОкоБоли главаВицФото