1019 hPa
83 %
18 °C
Скопје - Сре, 18.09.2024 13:59
- Брехтовска максима: немојте да градите врз добрите стари времиња, градете врз соочувањето со грдата страна на сегашноста.
- Во времињата на терор, кога секој во себе носи нешто од конспиратор, секој доаѓа во ситуација да игра и детектив.
- Фашизмот им дава на масите да дојдат до својот израз, но не и до своите права.
- Историјата е сега во сопственост на нацистите, на оние кои можат да го надзираат и манипулираат нејзиниот дискурс. Хитлер ја заговара верноста спрема историјата како доблест со која Германија ќе се одмазди за нанесените неправди.
- Во нацистичка Германија историјата е фашистичка. Фашизмот се легитимира во име на националниот идентитет, на темелите на единството во континуитетот на историјата.
- Историцизмот затоа се темели врз разбирањето на историјата како победа. Фашизмот навистина е филозофија на историјата како победа.
- Задачата на историчарот денес се состои да ја избегне соработката со криминалниот режим и со фашистичкиот дискурс. На сличен начин, историчарот на иднината ќе треба да биде внимателен за да го избегне соучесништвото со историскиот варваризам и со прикриените (а сега отворени) злосторства на културата. Историчарот мора да биде револуционерен за да не биде случаен соучесник. Соучесништвото е многу поголема опасност и поголема казна дури и од смртта.
- Вистинската слика на минатото нечујно минува крај нас. Минатото може да се дофати само како слика која силно блеснува во моментот на сознанието и потоа се губи во неврат. ... Бидејќи со секоја сегашност во неврат може да исчезне сликата на минатото, во која таа не знаела да се препознае себеси.
Избор и превод: Никола Гелевски
Гиф: Мирјана Лозановска
Слика: - Рене Магрит - Љубовници (1928)
ЕУ река (60): За „нормалноста на фашизмот“
Рубриката „ЕУ река“ е финансирана од Фондацијата Отворено општество - Македонија.