Дупли стрес у хороскоп

05.06.2020 19:48
Дупли стрес у хороскоп

 

Ме доведоа до раб на лудило и сега целата сум турни ме да кинисам.

 

Се смеам ко да ќе ме има на бонбониера.

 

Грлото е нераздерен дел од мене.

 

Психотеракија: не можам да не зборам за ѓезмиња, вродена меана ми е тоа. 

 

Посмешна сум од тебе за цела една депресија.

 

Коа ќе избацам некое кисче, избацено е.

 

Дупли стрес у хороскоп.

 

Стрес-код. Бодликави живци. Искусувач на нерви. И скусувач.

 

Живчани и полудувачки инструМенти.

 

Земјоtrѐs trѐs bien.

 

Ни улава у лава не улава.

 

Немам светла страна, така сум скенирана.

 

Откај да знам како да се галите...Кој како милува.

 

Плачи си слободно, не ми пречиш. 

 

Морам да се сакам за да не мораш ти.

 

Ми предизвикуваш конфети во стомак.

 

Побрзо ќе приметиш дека некој е будала ако е ружен.

 

Не постои празнина во душата, тоа ти е само во главата. 

 

Откога ми кажа дека се плаши од мене спијам ко закана.

 

Не можам сега на некоја обука за смрт сум, после ќе дојдам по

тебе.

 

Некогаш мора да умреш за да си се исплатиш.

Слики: Mark Bryan

Слични содржини

Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото