1014 hPa
88 %

15 °C
Скопје - Чет, 22.05.2025 01:43
Од 10 до 13 јули, во дворот на Кинотека почнува летната програма, во која ќе се прикажат четири современи филмови од годинешниот Европски филмски предизвик.
Од Кинотеката информираат дека според актуелниот Протокол за организирање јавни настани ги воведува следниве правила: задолжителна дезинфикација на рацете при влез во дворот и објектот, задолжително носење на маска или заштита преку устата и носот, задолжително одржување на дистанца додека се следи проекцијата, пушењето за време на проекција е непожелно, забрането е внесување на пијалоци (алкохолни и безалкохолни).
„Ве замолуваме заеднички да се погрижиме за чистотата на гледалиштето и дворот на Кинотеката, како и секој самостојно да ги одложи своите отпадоци во корпите по проекцијата“, апелираат од Кинотека.
Цената на билетот е 100 денари, а со него посетителите добиваат и бесплатен освежителен пијалак.
Програма:
10 јули, 21.00 часот
Господ постои, името ѝ е Петрунија (2019)
Режија: Теона Стругар Митевска
11 јули, 21.00 часот
Гостин / The Guest (2018)
Режија: Duccio Chiarini
1h 34min | комедија, драма, романса
Италија, Швајцарија, Франција
12 јули, 21.00 часот
Земјата под моите нозе / The Ground Beneath My Feet (2019)
Режија: Marie Kreutzer
1h 48min | драма
Австрија
13 јули, 21.00 часот
Сонот на Катрина / Katrina’s Dream (2018)
Режија: Dario Bischofberger, Mirko Bischofberger
Швајцарија, Италија
1h 24min | драма, романса