Скулптури од балони

24.07.20 10:17

Јапонскиот уметник Масајоши Мацумото (Masayoshi Matsumoto), ја воодушевува публиката со неговите сложени животински креации. Користејќи исклучиво балони, уметникот се воздржува од употреба на дополнителни материјали како маркери или лепила.

Мацумото оваа вештина ја издига на сосема ново ниво создавајќи ги фасцинантните фигури на инсекти, морски суштества и различни животни. Тој вели дека интуитивно одлучува каква форма ќе изработи, а за изработка на секоја фигура му се потребни помеѓу три и шест часови во зависност колку различни бои користи и колку е сложена формата. 

Извор: thisiscolossal.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото