365 дена балони

08.01.14 10:40

Американската уметница и графичка дизајнерка Меган Колман го започна проектот „365 дена балони“, поставувајќи си задача секој ден да изработува различна скулптура од балони. Таа ги избегнува традиционалните форми и изрази, често посегнувајќи по суперхерои и ликови од поп културата.

Доколку се придржува до својата задача, Меган Колман ќе треба секојдневно да изработува различни скулптури сè до септември 2014 година. Во меѓувреме, може да погледнете дел од веќе сработените скулптури.

Извор: 365days-of-balloons.tumblr.com

ОкоБоли главаВицФото