Жирафата Туфна

30.12.2020 21:14

Пајакот-шарлатан
скроил итар план:
мрежа од облаци да сплете,
зимето да се збуни оти е лете.
И тој си плетел ли си плетел,
був дур' укал ил' кукуригал петел
и шумата цела со облаци е сега,
летето ѕирка дур' зимето бега.
А оти е шарлатан?
Оти умот му е поспан:
ноќе-дење во една точка гледа
и образи си црта со црвена креда.
„Но, тоа занесенко е, не шарлатан,
овој пајак имаше одличен план!
Но, од облаци бели да сплетеше мрежа,
во историјата славно ќе беше врежан.
Но ете, му текна со сиви облаци да плете
и сега ни врне и зиме и лете!"
- викна една пепетутка шарена
што грицка топла пченка варена.
„Пеперутке, доста се буниш,
само пиштиш со гласот ѕунлив!
Дење-ноќе само негодуваш,
ко судијка сите нè бодуваш!“
- една жаба од барата крекна,
а жирафата Туфна не ни бекна.
Си стои така, ко дрво право,
без да шепне ни чао ни здраво.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото