Женските Битлси

01.03.21 14:35

Се нарекле „The Liverbirds“, се надевале дека ќе станат славни како Битлси. Четирите девојки од Ливерпул: Мари, Силвија, Пам и Вал имале 16 години кога нивните сограѓани „Битлси“ станале познати во Велика Британија.

Решиле да основаат група и да станат првиот рокенрол женска бенд од Ливерпул. Еднаш се сретнале со Макартни и Ленон, кои не покажале поддршка за нив, а Џон Ленон наводно ги прашал што носат во кутиите за гитари зашто „жени не свират гитара“. Но тие биле упорни, многу вежбале, научиле да свират и дури договориле настап во култниот клуб во Хамбург, „Star Club“, каде настапувале и Битлси. Ова е само дел од приказната во овој краткометражен документарен филм. 

Извор: Vimeo

ОкоБоли главаВицФото