Ким Џунг Бин

20.02.16 00:59

Прекрасните илустрации на корејскиот уметник Ким Џунг Бин, кој живее и работи во Сеул, прикажуваат иконични фигури од популарната култура и историја во комични или едноставни, секојдневни ситуации. Џунг Бин вели дека овие минијатурни илустрации се пародии базирани на игра со зборови.

„Земам зборови од цитати на позната личност, или наслов на познато дело и го заменувам со нешто што звучи фонетски слично“ – вели тој. Голем број од визуелните јазични досетки кои ги прикажува можат да се разберат само на корејски јазик, но постојат и некои очигледни. Таква е илустрацијата со Абрахам Линколн кој јаде парче шунка, или онаа со кралот на попот кој вози велосипед.

Џнг Бин признава дека не е секогаш лесно да се најдат јазични досетки кои можат да се визуелизираат, но тој ужива во хуморот и во тоа што им овозможува и на другите да се придружат на забавата. „Верувам дека уметникот мора да биде среќен за да ги направи луѓето среќни, и тоа е она кон што се стремам кога цртам.“

Извор: www.booooooom.com

ОкоБоли главаВицФото