Апликација што овозможува споредба на големините на државите во светот

04.06.2021 16:23
Апликација што овозможува споредба на големините на државите во светот


  Апликацијата The True Size (Вистинската големина) e веб алатка која дава одговори за вистинската големина на државите во светот. 

Апликацијата била инспирирана од една епизода од серијата „Западното крило“, каде делегација на (фикционалната) Организација на картографи за социјална еднаквост бара од Белата куќа во јавните училишта да се користат мапи што ја користат проекцијата на Петерс наместо традиционалната на Меркатор.

Зошто? Затоа што на мапата на Меркатор земјите кои се подалеку на север (и на југ) се прикажани како поголеми од оние поблиску до екваторот. Со тоа „проекцијата на Меркатор со векови одела во прилог на европските ипреијалистички ставови и создала националистички стереотипи во однос на Третиот свет“, вели еден од научниците.

Сепак, ова не била намерата на Меркатор: „Тој ја дизајнирал мапата да служи како навигациска алатка за европските морнари (...) мапата ги зголемува областите поблиску до половите со цел да креира прави линии на константна географска насока.“

Иако таквите прави линии им олеснуваат на морнарите да патуваат по океаните, светските мапи во прoекцијaта на Меркатор ја дисторзираат релативната големина на копнените маси – зголемувајќи ги колку се поблиску до половите.

Гренланд е класичен пример: на мапата на светот на Меркатор изгледа како да е отприлика иста големина со Африка. Всушност, континентот е 14 пати поголем од островот.
Други примери: на мапата на Меркатор, Европа изгледа поголема од Јужна Америка, а всушност Јужна Америка е речиси двојно поголема од Европа.
И Алјаска изгледа три пати поголема од Мексико, но Мексико е малку поголемо од најсеверната држава во Америка.

Сепак, проекцијата на Петерс значително отстапува од очекувањата на многумина за тоа како треба да изгледа мапа на светот.

Апликацијата овоможува да се споредуваат по големина државите избегнувајќи ги недостатоците од проекцијата на Петерс. Државите може да се поместуваат и да се види како со приближување до половите се дисторзираат.

 

Големината на Гренланд наспроти Конго на мапата на светот на Меркатор (лево) и фактичката разлика во големината (десно).






 

 

 

 

 

 

 

 

Велика Британија и Танзанија претставени на мапата на светот на Меркатор (лево) и фактичкиот однос во големините на земјите (десно).

















Големината на Русија значително се намалува кога ќе се повлече над Африка.


Тексас е поголем од Полска.

Големината на САД споредена со Европа: според ова поклопување Сиетл би се нашол во западна Ирска, a Њујорк длабоко во Сибир.

Десетте најголеми земји во светот, повлечени на неутрална територија - на екваторот - за подобра споредба. Вака гледано, разликите во големините не изгледаат толку големи.

Извор: BigThink