1017 hPa
94 %
10 °C
Скопје - Саб, 08.11.2025 22:59
На вториот ден на шестиот фестивал Друга приказна, во Пионерскиот дом „Карпош“ во Скопје се случија неколку интересни настани, повеќето наменети за деца.
Низ мала изложба и читање беше претставена сликовницата „Страшна ноќ“ од Славко Јаневски и Наташа Андонова.
Беа претставени и сите четири досегашни изданија на едицијата сликовници, „Старо купувам“. Посебно се зборуваше за најновата, „Македонски календар“, од Владимир Шопов и Инес Ефремова, а Елена Митреска прочита расказ од „Розови слонови“ на Влада Урошевиќ и Ѓорѓе Јовановиќ. Четвртата книга во таа едиција се вика „Споменик од песни“ на авторите Видое Подгорец и Ване Костуранов.
Се одржа и интересен разговор за илустрацијата во Македонија, на кој учествуваа упатени луѓе: илустраторките Душица Димитровска и Инес Ефремова, покренувачката на детскиот фестивал „Литера“ Софија Семенпеева, професорот по графички дизајн Ладислав Цветковски и уредникот на „Темплум“ Никола Гелевски.
Вечерта заврши со видео проекција на три Темплум видео сликовници: „Мојот чадор може да е и балон“, „Морис и фустанот со боја на мандарина“ и „Мачки и глувци наопачки“.
Видео продукцијата на трите сликовници ја направи Кети Талевска, звукот го сними Ивица Јанкуловски, музиката ја направи Ставро Ангелаков, анимациите Александар Јосифовски, а сликовниците ги читаа Талија Настова, Никола Настески и Никола Гелевски.
Убавата атмосфера во Пионерскиот дом беше збогатена со стари музички остварувања за деца на композиторот Димитрије Бужаровски и писателот Русомир Богдановски.
Фестивалот е поддржан од Град Скопје.
(401).jpg)
(1227).jpg)
(1093).jpg)
(797).jpg)
(548).jpg)
(404).jpg)
(326).jpg)
(271).jpg)
(213).jpg)
(160).jpg)
(108).jpg)
(78).jpg)
(65).jpg)
(57).jpg)
(46).jpg)
(42).jpg)
(28).jpg)
(26).jpg)
(28).jpg)
(23).jpg)
Фотографии: Дарин Ангеловски