Пропаднати сме? И сега што!?

18.01.2022 18:11

Авторот и потписниците на документот се луѓе кои цели пет години учествуваа во невидената кампања за соборување на Заев преку најволшебната од сите волшебни платформи која требаше да му покаже на Македонецот дека неговата држава и неговото достоинство ги уништил еден човек и во таа смисла тоа требаше да се илустрира низ тезата дека не нè бива, дека сè е уништено и размакедончено, дека врвните самопотврдувачки дострели, европскиот гранд слем на Македонецот што ги оствари екипата на Заев, се тешки и фатални негации. Значи, едно темелно внатрешно самонегирање. Извештачено колку и самиот македонизам. Колку само превртени контејнери и расфрлано ѓубре откри Милчин со својата камера. Колку афери испродуцира мануфактурата на Кикифрики. Колку солзи исплака Катица Ќу. И Сузана. Ах, да и Биба: не остана „м“ од Македонија. За да докажат дека сме пропаднати. И сега што!? Сега актерите на таа предбугарска негација и деструкција повикуваат да застанеме еден покрај друг, да се сплотиме. Врз урнатините на Македонија. Врз сопствените проекции. Нема ниту назнака што би правеле така сплотени, освен, можеби, да се ебеме. Сплотеност, таа фамозна формула на популистите, националистите, фашистите, болшевиците и сите други идиоти.

Бранко Тричковски, Front line, 15.01.22.