Нишката на Аријадна

15.02.2022 21:26
Нишката на Аријадна

 

Секое книжевно дело е лавиринт.

Како во секој обред на иницијација, поврзан со овој замрсен сплет од подземни ходници, оној што ќе влезе треба да го најде средиштето. А потоа и излезот.

Тезеј би бил, според тоа, читателот.

Аријадна, која му помага на Тезеј за да дојде до средиштето и да се врати назад, може да биде критиката или, подобро, критичкиот метод.

Но, кој е тогаш Минотаур?

Писателот?

Не. Минотаур е привидот, надворешната обвивка што ја носи секое книжевно дело. Не се работи да се убие Минотаурот, туку да му се симне маската, под која лежи вистинската смисла на делото.

Аријадна и Минотаур се во крвна врска: имаат заедничка мајка. Постапката на критичарот и постапката на писателот имаат длабоки сродности; првата е во несомнена функција на втората.

Аријадна го изневерува Минотаура во корист на Тезеј.

Но, потоа Тезеј, откако ќе го најде излезот од Лавиринтот и ќе отплови од Крит, ќе ја напушти Аријадна.

За понатамошната судбина на Аријадна постојат повеќе митови. Според повеќето од нив, таа несреќно завршува.

(Воведен текст од книгата на В. У. Нишката на Аријадна, 1986)

Цртеж, горе: Тезеј и Аријадна. Тезеј ја зема од Аријадна нишката со која успева да побегне од лавиринтот откако го убива Минотаурот. 17 век.

Цртеж долу: Alice and Martin Provensen

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото