За кулисите на Груевизмот (втор дел)

18.01.2011 13:36
za-kulisite-na-gruevizmot-2.jpg

Фирерот мора да гради како националсоцијалист. Како националсоцијалист тој ги одредува, подеднакво како што ги одредува волјата и изразот на движењето, чистотата и јасноста на архитектонската идеја, експресивната сила, јасноста на градежната замисла, благородноста на материјалот и, што е највредно и најважно, новата внатрешна смисла, па така и содржината на своите градби. Градежништвото за фирерот не е занимација, туку важна работа чијашто задача е волјата на националсоцијалистичкото движење да ја изрази во камен.

Алберт Шпер, 1934 година
 
Никола Груевски (во интервјуто за МИА од 13.01.11.) има интересна аргументација зашто неговиот проект „Скопје 2014“ не е „антиквизаторски“:
 
„Најинтересно е што во т.н.проект Скопје 2014 нема ниту една зграда со ист стил од антиката, а од сите над 20 споменици кои општината Центар ги предвидела и ги спроведува, искористен е само споменикот на Александар Велики, за поткрепа на таа теза. Имено, сите други споменици се поврзани со друг период, и ако гледаме низ таа призма посоодветен е изразот словенизација отколку антиквизација. Затоа што имаме споменик на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Св. Наум, а покрај Соборниот храм има и посебен споменик на Св. Климент. Владата финансира и изработка на споменик во Охрид на Св. Наум. И најголемиот дел од останатите споменици се однесува на периоди, кои немаат допирна точка со антиката. Од друга страна, стиловите на зградите кои се градат се главно три и ниту еден не е антички. Тоа е современиот стил, барокот и неокласицизмот. Современ тип на згради може да се видат во новиот објект на Министерството за земјоделство, Националната библиотека, Театарот во Велес, Музејот на Тоше Проески, повеќето катни гаражи и голем број други. Неокласицизам има две, тоа се зградата на Уставниот суд и на Обвинителството. И има неколку со барок стил. Ниту еден од овие стилови на градби не е поврзан со антиката. Тоа барем беше разјаснето во долгата и темелна јавна дебата која скоро две години се води за овој проект. Дали возобнувувањето на Светиклиментовиот универзитет е поврзано со антиката, или пак спомен-куќата на Мајка Тереза? Значи чиста, класична манипулација.“ 
***
Самиот факт што премиерот (т.е. пастирот, оној што во земјава е одговорен буквално за сè) е автор на културно-архитектонско-урбанистички проект е доволен за потполна дискредитација на проектот. Но, начинот на кој „пастирот“ го брани својот проект дополнително ја соголува идејата во целата нејзина гротескност. Наивната политизирана аргументацијата на Груевски најдобро зборува за културниот хаос во неговата глава, но и за отсуството на каква било конзистентност и логика при замислувањето и реализацијата на еден од најскапите и најспектакуларни културни потфати во современата историја на Република Македонија. Вакво расфрлање со стилови, епохи и културни матрици зборува за невидено шарлатанство и примитивизам кои треба да се камуфлираат со „плурализмот на стиловите“ и со „демократското меѓусебно коегзистирање“ на баби и жаби, т.е. на лампиони, конфети, бронза, бетон, лопати и црвени панделки.
 
Една анегдота од пред дваесетина години прецизно ќе ги илустрира моите тези. Група југословенски иселеници во Холандија решила за Први мај да испече јагне. Нашле згодна ливада (за малку рекреација, додека се врти јагнето), крај река, неопходна за ладење на пивото. Нашле дури и добро дрво за раженот. Нашле сè - освен јагнето. Од некои (холандски) причини, јагне не можело да се купи. Но, нашиве Холанѓани пронашле друго решение. Откако во десеттата месарница по стоти пат им рекле дека не продаваат цело јагне, иселенициве прашале: добро, но имате ли јагне во делови? И тогаш ги купиле сите фрагменти на јагне што можеле да се најдат во таа месарница. Главата и опашот ги купиле во друга. Најпосле можеле да заминат на својата Првомајска фешта, на својата ливада крај река, каде што со жица ги споиле сите делови во едно наказно тело и таквото конструирано јагне го набиле на ражен. Така си дошле на своето. Со помош на скрпеното јагне кутрите носталгични иселеници како да си ги отелотвориле копнежите по родниот крај.
 
Впечатливава случка ја раскажувам за да укажам на сличноста меѓу Франкенштајновото јагне и панаѓурскиот проект „Скопје 2014“. Ги разбирам емоцијата и сентиментот, ја разбирам и намерата - но тоа едноставно веќе не се прави така. Јагниња не се вртат по приградски паркови. Свињи не се колат по балкони и кади. Кокошки не се чуваат по градски дворови.
 
Идентитет на една нација не се прави по експрес постапка, во два мандати на една партија. Новиот Македонец не се прави со парчиња собрани по ѓубришта, болнички контејнери и месарници (а кајшто ќе зафали живо месо може да послужи и протетика; на тоа ли мислел Горан Стефановски со своето „Диво месо“?!).
 
Можеби на некој Каспар Хаузер од дивината (така барем мислел доктор Франкенштајн, иако и во тоа се зафркнал!) можеш да му имплантираш „идентитет“ како крпеница од диво месо, кожи и конци (пачворк од Александар, црква, фонтана, JVS реклама, Самоил, Даме Груев, гипсени лавови и пластични лебеди, т.е. „лабудови, лавови, гипсани радови, силикони, џипови, спотови, клипови, арматура, цименат, квадратура, објекат, прави је моменат, да се угради проценат, урбано, урбано, само урбано“). Можеби таа несреќна крпеница можеш дури да ја научиш да го почитува „создателот“ и да изговара „тато“ (јал „создателот“ се викал Пигмалион, Франкенштајн или Груевски). Можеш, велам, опасно да се трудиш, ама ако си на погрешно место и во погрешно време (со идеја за Првомајски пикник во амстердамска месарница) - гротескноста не можеш да ја избегнеш.
 
 
РЕЗИМЕ
 
Политичката и економската несоодветност на проектот „Скопје 2014“ е совршено испреплетена со неговата естетска и филозофска неиздржаност. Бодлер велеше: „Лошиот вкус води во злочин“.
 

Rambo Amadeus - Urbano, samo

Rambo Amadeus - Urbano, samo urbano

http://www.youtube.com/watch?v=qnPZy3vHmsA

Urbano, samo urbano (Urbano,

Urbano, samo urbano (Urbano, samo urbano)
 
Labudovi, lavovi
gipsani radovi
silikoni, džipovi
spotovi, klipovi
armatura, cimenat
kvadratura, objekat
pravi je momenat
da se ugradi procenat

Urbano, urbano
samo urbano, urbano

Koža, klima, siber-dah
bas-refleks i stereo
frizurica sređena
pomorandža ceđena
brodski podovi
morski plodovi
podno grijanje
intimno brijanje

Samo urbano, urbano
samo urbano, urbano

Pivo pijem samo uvozno
da bih bolju mačku upozn'o
štikla, čipka, korset, karlica
i na pupku alkica

Stara majci ja se ne javljam
rodbinu sa sela izbjegavam
jer građanin sam postao
a u duši...

Samo urbano, urbano
samo urbano, urbano

Sa nama je zabavno
jer sa nama nije dosadno
sa nama je najbolje
a sa drugima najgore
mi pravimo žurkice
sa nama su mačkice
što pokazuju karlice
Idemo, radimo
apartmane gradimo
i muda 'ladimo...

 
---
Rambo Amadeus

Коља, само чекам во матично

Коља, само чекам во матично да поднесеш документи за промена на име во Кензо Танге.

Мислите, Аман Више, на Кензо

Мислите, Аман Више, на Кензо Танга?! У вемерото (посебно у Совет на Село Скопје) така го изговараат, јебига, белосветски изрод, не поштуе традиција, грчки платеник, можда и европско-америчко-јапанска курва, ни го сјеба градот (заедно со комуњарите што се уште на власт и, бајдвеј, ги малтретираат тутунарите) итн. ТАНГА, значи, да се разбереме.

А ти, Гелевски, само растурај

А ти, Гелевски, само растурај ги сељачкиве гниди, симнати од планини, небањати, собрани кој од кол кој од ортома. Дури и да испогинеме пред варварската стока, чесно е бар некој да застане во одбрана на шугавиот град. Ако ништо друго, за граѓанскоста, во некоја иднина.

Аман Више, стоко (ни името не

Аман Више, стоко (ни името не знаеш да си го напишеш, „презимето“ треба со голема буква, неписмена будало), како не ти текна на Златниот-Црниот срамежливо да му каеш (ил бар на некое изродбеничко другарче, тајно, у некој ќош, никој да не ве слушне): „Аман више, пастиру!“ Се’, се’, барок-антика, ај, прост народ, нек се лаже нек се манипулира, ама Труимфална капија и колос од 22 метра?! Не ли е малку (тихо тихо, пушти звучки, никој да не чуе од браќата!) превише?! А доста ти е, викаш, од Гелевски?! Многу досаден. Запнал да се бори за тричави пар десетици (накај стотици) милиони евра народни пари. Каков давеж, да го ебам! Нема ли тој човек попаметна работа?! Само црно ли гледа во изродбава?! Зар од десетте милијарди евра што до сеа ги спичкавме, едно евро не отиде за доилка со бебе, за питач (а, да, отиде, ми текна!), за старица, за тутунар?! Него не бе! Само да се пљукал севишниот, Златниот-Црниот, Малиот-Големиот! Ебате нихилизмот!Ебате сдсмашите и соросоидите!

(T)urbano samo (t)urbano!

(T)urbano samo (t)urbano!

А од кај им пари на

А од кај им пари на тутунарите да купат јајца и да ги гаѓаат нашите грандиозни споменици - носители на нашиот одамна изгубен идентитет, а? Сигурно Суруш ги плаќа, мамето нивно место да одат на Бихаќка да протестираат пред опозиционата партија која уште е на власт, како што се прави во секоја нормална држава, они мамето нивно споменици ќе ни гаѓаат. Ја викам све тоа да се поапси, па ова држава е, а не заебанција, јеби га, премногу право си зеле, секој плука како сака, па нема бе комуњари, треба закон и за вербално плукање да се донесе, па секој што ни вреѓа власт, автоматски и држава вреѓа, сместа 6 месеци апс, па да видиме после соросоиди едни комуњарски.

Srekna Nova 1949.

Srekna Nova 1949.

Не се бориш ти, Гелевски, да

Не се бориш ти, Гелевски, да и` ги дадеш милијардите на доилката, туку да му ги стрпаш у џеб на твојот брадест мафијаш(ај да не те обвинувам тебе директно, пошто не ми изгледаш дека се правиш луд, туку тоа само природно ти стои, како да е вродено).

Ќе секне и сорос еден ден,

Ќе секне и сорос еден ден, после кој ќе ве финансира за вашево недолично "пљувње"

Najnovata teza na VMRO: "SDSM

Najnovata teza na VMRO: "SDSM e seuste na vlast"?!. (Verojatno zatoa sto se uste se zivi.) Istencen vkus za percepcija na demokratijata, nema sto.

Мислам дека малку

Мислам дека малку претерувате. Точно е дека има многу работи за критикување кај владеачката партија, но да ја споредувате со фирерот не оди, од проста причина што вие не би постоеле кога би било тоа така. Не знам дали е интересно освен тоа да повторувате исти теми. Го претварате господинот Груевски во монструм иако тоа не е така. Тоа е човек како и сите ние, со грешки, но и македонски политичар!
Тоа не смее да се заборави.

Многу ми се допаѓа литературниот дел на ОКНО.
Политичките колумни се единствено против ВМРО, но вие не кажувате како би било подобро, односно алудирате на СДСМ, кое во својот работен тек ништо не направи. Сега барем, ќе го гледаме Дамета и Ацета. Јас не сум вмровец, но не мие интересно по стопута да читам едно те исто и само критики, и неспоменување што е подобро!

Анонимен, вие можеби нe сте

Анонимен, вие можеби нe сте вмровец, ама сте зло. И тоа, според тонот, според моделот - платено зло. Вие сте дното на дното.
Е, гледате, јас не сум сдсмоовец, но од сателит се гледа дека Груевски ја опустоши Македонија бетер од десет Бранковци! Знаете зашто, Анонимен не-вмровецу? (не-кодош, како Латас) Затоа што ја уби слободата во Македонија! И’ го начука (на слободата) до балчака! Демократијата ја претвори во своја рубикова коцка, за курташак на фамилијата му од Аналитико АИ!
Новиот фашизам има ново лице, и неговото лице (не само кај нас) е кабаретско, нашминкано, божем питомо. Зашто да ги убива луѓето кога може да ги анестезира?! Зашто да ги убива ако може да ги плаши и да владее со нив?! Која будала денес, воопшто, убива?! Тоа се капиталистички ресурси! Тоа се гласачи! Добро, тие се наше тесто (да не речам наш сапун), но живи ни требаат; претераната агресивност во новите околности има контра ефект итн.
Што, не-вмровецу, и вие добро го знаете, нали? И ради тоа ја одбравте таа ублажена фашистичка муцка (една од безбројните пропагандистички маски на груевизмот, толку лесно препознатлива, како пичкин дим), да ја протнете овде, на сцената на Окно. Ако, машко, ако. Меки сте вие и нежни. Сите го знаат тоа. Цел народ го знае и го поштуе тоа. И цел народ пак ќе гласа за вас, аха. Уопште не сте фашисти, ма ич. Се’ ќе биде супер, Гелевски малку да се корегира или смири, Окно ќе биде прекрасно, како и Алфа ТВ, ослободена, како МПМ, како, најпосле, и А1, кај и да е, и тоа е прекрасна тв, само и’ фали мало ослободување, мал суптилен поттик, малку повеќе објективност, македонизам, преродбенички дух, ќе биде, се’, само со арно, љубов, волја и оптимизам... Остваруваме!
Одвратни сте, бе, вмровци! За вас дури и фашизам е комплимент, такви пљачкашки пизди сте, и суштински кукавици, кои се терор се бранат од сопствениот страв... Ебате будалите! Ќе сркате гомна! Ќе го папате она што денес го сеете - ужасот, стравот, лицемерието и демагогијата.

Вечерва бев во ГЕМ клубот, да

Вечерва бев во ГЕМ клубот, да го слушам разговорот со Душко Илиевски, водачот на млекарите, и со Кире Неделковски, водачот на тутунарите. И се убедив: власта на Груевски е чист фашизам! И тоа од најсељачките, најподмолните, мавање под жито, по цеваници, со специјалните цајкански удари што не оставаат масници (освен длабоко внатре, во човека). Такво малтретирање на луѓе има само во најнедемократски земји(млекарот Душко - 30 пати приведуван, шиканиран, казнуван, заедно со семејството; слично и другиов, мада изродбенициве пробале и со „арно“: со поткуп, со „брза линија“ за животен успех, со нежни закани&ветувања итн).
Луѓе, овде во Македонија забрането е правото на организирање и собирање! Забрането е протестирањето против груевизмот! Студентите попија ќутек на плоштад! Млекарот и тутунарот исто сведочеа за тоа! Пред Собрание ги опкружиле полициски сили и со саати не дозволувале никој нит да влезе нит да излезе од кругот! И, јеботе, тоа им го прават на најнапатените, на страдалниците! И притоа им зборат, вообичаено, дека се комуњари, предавници итн. Кој не слуша - на суд. Да му одмерат една дисциплинска казна праведните (нефашистички, ма какви) судии на Груевски и Маневски. А судот ќе го подготват од МТВ, Вечер и Канал 5, синхронизирано со здравиот и коректниот груевистички народ кој (и по коментари, здрави прави патриотски, уопште не фашистички) се гнаси од одвратниве тутунари, млекари, соросоиди, сдсмаши и други предавници.
Преродбеник (од следните) - уз тебе сум! Некој еден ден ќе мора да ги расчистува фашистичкиве гомна...

Добро е, Коља, кога се

Добро е, Коља, кога се мултиплицираш почна бројки да си ставаш. Има напредок, има.

На мене лично ми сметаат

На мене лично ми сметаат безбројните билборди низ градот. Спомениците и архитектурата се во ред.
А, ми смета и нечистотијата. Си размислувам, зошто лугето не работат на издугнување на својата култура, поединечно. Веројатно бидејки се „замасавени“ од досадните коментирања на „експертите“, НВО и сл. Оваа појава на луге низ медиумите ги влече надолу корисните и конструктивни коментари.
Знаат ли каде пловат авторите на слични текстови? Сте забиле ли еден клинец во животот или се така само коментирате од страна што треба да се направи и ги навредувате тие што работат?

Ќе продолжат да ги

Ќе продолжат да ги навредуваат поради љубомората и зависта! Друго и незнаат, тоа е нивниот начин на делување. Омаловажување и навредување, ама помина тоа време кога народот се палеше на елоквентни говори, годините поминаа само лагите од тие говори останаа! Народот сака да види со свој очи нешто направено во оваа држава, и тоа го гледа, нешто што соросоидиотот и комуњарот неможат да го поднесат. Они поразите секогаш тешко ги поднесувале, но овој пораз најмогу ги боли, бидејки и нивните членови од внатрешноста, на нивниот последниот митинг во Скопје, се сликаа со спомениците!!!

Мислам дека обете

Мислам дека обете спротивставени страни треба да си ги оладат главите. Треба поодмерено да се одговара и без многу чувствителни изјави.

Факт е, и морам да го пофалам ОКНО што објавува и не цензурира коментари со образложувања во кои се изразува мислење спротивно од тоа на колумнистот. Нешто што на пример кај А1 телевизија не е можно.
Иако во телевизијата на пример, постојано прават јазични грешки на пример, компјутерскиот уредувач не дозволува ниту да з,цнеш, ниту еден збор да кажеш против таа светиња: А1... Коментарите со најмала критика, била и јазична, се елиминираат!
Тоа е права цензура! А за другите видови да не коментирам.

Анонимен, ти нов си овде

Анонимен, ти нов си овде изгледа :)

Во поглед на цензурата.

Во поглед на цензурата.

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото