Пандорината кутија

11.09.2012 11:38
Пандорината кутија

Вознемирувачки се едностраните преименувања на училиштата во Чаир. Но, практиката на преименување и редефинирање на културниот идентитет не ја започнаа Албанците. Практиката слепо да се тера по свое, да се игнорираат сите забелешки и критики и насилно граѓаните да се доведуваат пред свршен чин - е тактиката на груевизмот. Безмилосната тактика која себеси се гледа како триумф на снажната волја неумоливо маршира седма година. И јасно е дека божем триумфалната тактика многумина ќе почнат да ја имитираат. Ако скопската општина Центар себе си дава незаконски и неуставни ингеренции, зашто општина Чаир би се придржувала до законите „како пијаница до тарабата“? Советниците во општина Центар и советниците на градот Скопје, предводени од градоначалниците Тодоровиќ и Трајаноски, направија толку многу зулуми изминативе години, толку душмански ги кршеа и законите и волјата на граѓаните, што воспоставија систем надвор од системот, криминални преседани кои имаат потенцијал да го растурат општеството. И тоа, богами, се случува.

Ќе потсетам уште еднаш: лудачкиот проект „Скопје 2014“ е таен проект за кој не смееше ни да се зуцне сè до 2009 година, кога се појави фамозниот клип со „прероредениот плоштад“. За проектот се одвојуваат пари од 2006 година. Проектот го нема во документите и ветувањата на ВМРО ДПМНЕ. Проектот никогаш не бил изложен пред судот на граѓаните. Дури и денес, седум години по започнувањето на колосално идиотскиот проект, никој не знае кои се неговите дефинитивни форми и какви уште перверзии нè чекаат. Верувам дури и дека самиот автор на проектот не ги знае последните контури, зашто работи на инспирација, со помош на сништа, а коојзнае што ќе сонува денес или утре и кој негов кошмар ќе мораме да го финансираме, како даночни обврзници, за да си го „доизградиме идентитетот“, ни повеќе ни помалку.

Ќе потсетам исто така, во контекст на чаирските „барања на нивниот идентитет“, дека „Скопје 2014“ не само што е недемократски, туку е изразито насилнички проект. Обидот на една група граѓански активисти да се покрене референдум околу изградбата на верски објекти на плоштадот брутално, од сите орудија, и бирократски и медиумски, беше сотрен од власта како „предавнички“. Граѓаните што се бунеа против безаконието и девастацијата на Скопје беа тепани, навредувани, судски казнувани и изложувани на јавен линч од страна на режимот. Замислете сега во Чаир бунтовниците против преименувањето на училиштатата чаирските власти да ги натепаат, да ги прогласат за антидржавни елементи и да ги дадат на своите реформирани судови. Груевски тоа го правеше. Дали ќе го направи и Изет Меџити? Веројатно нема потреба. Дури и силеџијата Груевски во меѓувреме научи дека карваните врват (тендерите со мермер и бронза, големата пљачка на народот), а кучињата можат само да се пењават, пред да ги соберат шинтерите.

Со антиквизацијата груевизмот ни го прави истото она за што ние ги обвинуваме Грците: насилнички ни го менува идентитетот. Груевизмот ги уништува имињата на улиците и емоциите на луѓето на истиот начин на кој Грција сака да го промени нашето име: насилнички и без да ги праша засегнатите. Ги праша ли Груевски во кој било момент граѓаните дали го сакаат „Скопје 2014“, дали сакаат менување на имињата на улиците, дали сакаат стотици скулптури и новоооткриен национален идентитет?! Лага е дека груевизмот ги почитува граѓаните и го зема предвид нивното мислење. Единствениот интерес на груевизмот е личната политичка власт, а не интересите на граѓаните. Популизмот на власта е само пропагандно средство, без реално упориште во потребите на народот.

Во едно се согласувам со најголемите поддржувачи на политиката на цврста рака спрема Грција: правото на себеименување е елементарно право на самоопределување. Тоа право можеби е суштината на човечката слобода. Но, зошто тоа право груевизмот ни го одзема внатре во земјата?! Зошто, повикувајќи се на фундаменталните права, кукаме по белосветските канцеларии, дека Грците ни се душмани, а истовремено дозволуваме нашите локални душмани стократно да ни го одземаат истото право на име, идентитет, симболи, гордост итн.? Зашто името на некое училиште во Чаир е поважно од Мексичка улица? Зашто Ахмети и Меџити не смеат да го прават истото што го прават Груевски и Тодоровиќ?! Затоа што груевистите се држат до законот? Не е точно. Уставниот суд во низа наврати ги прогласувал за незаконски и неуставни потфатите на груевизмот. Никој не ја презема одговорноста. Само, во меѓувреме, преродбата го стигна и Уставниот суд.

Некои загрижени граѓани велат и дека македонските Албанци ги реафирмираат балистите и одново ја испишуваат историјата на Скопје и на Македонија. Но, ако „преродбениците“ ги реафирмираат фашистите и ја пишуваат македонската историја за свои дневни партиски и пропагандни потреби, зошто тоа не смеат да го прават и Албанците во Македонија?! Зошто некој мисли дека ќе го одмине злото од Пандорината кутија која груевизмот наголемо и нашироко ја отвори?! Сите имагинативни начини со помош на кои груевистите целиот систем го претворија во партиски игри без граници, утре ќе им се кршат од грбовите токму на груевистите. Ако медиумскиот тајкун Рамковски отишол во затвор, утре во затвор ќе одат Стојменов и Ѕинго, заради истите неправилности во партиската држава. Ако лидер на една партија отиде во седумгодишен затвор за незаконско финансирање кампања, колку ли лидери утре ќе заминат во затвор за истата работа?!

Во најновото, петто продолжение на филмскиот серијал Х-Ман, First Class, има една интересна сцена, поврзана со „идентитетските прашања“. Еден од главните ликови во филмот, Ерик Ленсхнер, во народот познат како Магнето (во инспиративното толкување на Мајкл Фасбиндер) се обидува да го улови нацистот којшто во логор ја убил мајка му. Потрагата по нацистот го доведува Ерик во некакво полупразно кафеанче зафрлено во внатрешноста на Аргентина. Ерик почнува муабет со единствените двајца посетители на кафеаната, а тие лажно и малку иронично му се претставуваат како типични Германци; едниот е одгледувач на свињи, а другиот шнајдер. „А ти од кај си? Како ти се викаат родителите?“, го прашуваат Германците Ерик. „Моите родители немаа имиња. Имињата им ги земаа одгледувачи на свињи и шнајдери“, им одговара Ерик на двајцата Германци. „Кој си ти?“, прашуваат сега веќе малку подисплашените нацистички бегалци. „Јас сум нешто налик на Франкенштајновото чудовиште и го барам својот креатор“, одговара Ерик (кој е нешто како мутант, човек со малку поинаков генетски код) и ги парчосува двајцата злосторници.

Зборот ми е, денешнината и иднината ни ја земаат „шнајдери и одгледувачи на свињи“, груевисти и ахметисти. Голема е веројатноста да се појави „Франкенштајновото чудовиште“ кое ќа ја побара својата одмазда. Голема е веројатноста тоа безимено чудовиште да ги парчоса манипулаторите со имиња, одгледувачите на свињи и шнајдерите. Но, за разлика од филмот, од тој судир меѓу чудовиштето и неговите креатори никој од нас нема да биде поштеден и дури и гледачите и сеирџиите ќе си го примат своето подароче од раскантаната Пандорина кутија.

Сликите се од филмот X-Man, First Class (2011)

Грујо и Ахмети ја скењаа

Грујо и Ахмети ја скењаа демократијата во земјата и концептуално, системски, и практично, низ терен, во детали. Го заокружија она што го почна Бучковски - практичната федерализација (а духот на Рамковниот е унитарна мк, не федерална). Од кај испадна таа голема (недемократска) мудрост дека двете партии во двата најголеми етнички блока составуваат влада?! Ако, на пример, ДПМНЕ (или СДСМ) и ДУИ (или ДПА) имаат заедно 50 пратеници, зашто сите други не би се обединиле против нив и не би создале влада?! Етничкиот терор на Грујо и Ахмети ја суспендира демократијата (парламентарниот поредок) во мк. Не знам како ќе се оправи ова. Сите се као за унитарна Макеонија, а сите работат за федерализирање (па и делење) на земјата.

сакаш да речеш дека зад

сакаш да речеш дека зад буќукот не стоел бранко, рада, тито, лдп за да се изгласа спорниот закон за општини кој ќе служи ко комензација за ставање на мк у брза трака за еу и нато? да не се лажеме, скопје мора да стане една единица на управа без општини, иако шутка би останала од чисто романтични побуди, у ск би биле арачиново и сарај нормално и бандентер владее. реално, не може да се допушта ова да се прави во скопје, извини, ама не може, од сите информации што ги имаме до сега, реално е да си признаеме дека општинскиот закон е донесен пребрзо без заштитни механизми, како комитет за спроведување на бадентер итн. анти-мајоризација итн. така што општинскиот закон мора да се врати у пред-бучкова фаза, а потоа ко луѓе да се седне и да се разговара, не е реална ситуацијата со струга, ниту со кичево, ниту со тетово, имено тетово мора да се подели на три општини. политиката за жал се смени, јебига, тоа се серија на политика кој никој не ги конторлираше, иако бранко намерно стави горе луѓе како би одработиле за него, епа сега јебига, назад. има сериозно несогласување и од тоа нема бегање, ако нема заштита, односно радиклаен башибозук, тогаш ќе ја имаме силата на врата, а таа доаѓа, гадно. волерс сакаше слупјане-лупање?, епа сега нек се пуши, сори, ама нема да даваме територија на зелена маса, овој пат ќе удираме, извини.

Тропаш глупости, Физичар. Со

Тропаш глупости, Физичар. Со кого ќе се тепате против Албанците? Со тони Науновски? Кој бранител ќе застане во рововите за Македонија, после искуството од 2001? Што џабе се јуначите, мизерии... Еве ви предлог, Физичар: отидете заедно со Мигрена да ја вратите бистата на Рајко Жинзифов во школото во Чаир.

Хиперреалист, се збунуваш

Хиперреалист, се збунуваш некако, правиш грешки во чекори. Па до пред малце збореше дека соживот треба, а сега ваму ти е страв да одиш во Чаир? Некако збунка си. Од твојот коментар личи дека причината поради која бараш соживот е дека ти е малку трта или во што е проблемот? Затоа ли си граѓанин, за да немаш проблеми ако кажеш дека си Македонец. За да ја пробаш твојата теорија ти предлагам да отидеш во кафезот на волците во Зоолошка, да влезеш внатре и фино убаво да им објасниш дека не си насилен, и дека сите видови суштества за тебе се исти. Интересно би било да се види тоа во некој тип на реалиту шоу. Може ќе научиме нешто.

Мигрена, постојано тераш

Мигрена, постојано тераш демагогија. Зашто јас би одел во кафезот со ѕверови? Јас сум пацифист, можеби и кукавица. Не јадам месо, ми се слошува од крв, мразам војна. Зашто јас да одам во кафез или во Чаир? Не ли е ред партнерот на Али, Црни Грујо, да отиде до Чаир и да ја врати бистата на Жинзифов? Нели е ред ти, Мигрена, ко најжесток бранител на ужасниот режим, да го направиш истото и да го следиш својот пастир во Чаир?!

Мигрена чека Фрчко и Бранко

Мигрена чека Фрчко и Бранко да и’ наредат на полицијата да го расчисти Чаир!

Ако не примети досега, јас

Ако не примети досега, јас никогаш не сум го бранел ВМРО или Груевски исклучиво заради ВМРО или Груевски. Причината зошто изгледа дека ги бранам е зошто они се најдобри репрезенти на моите интереси како Македонец, кој се обидувам постојано да ги објаснам во дискусијата, наспроти граѓанската опција која се сведува на безлична маса со бројче за плаќање такса. Јас немам ништо ни против граѓанската опција , зошто на некој начин во нормални држави и услови ми ја гарантира слободата на избор на идентитет, ама кога ќе видам морони кои го пијат кула-аидот на граѓанската општество, меѓутоа без опција да бидам Македонец, ми се смачува. Граѓанската опција кај нас е маска за губењето на македонскиот идентитет. Сите други може да бидат, Македонци-Албанци, Македонци-Власи, Македонци-Турци, Македонци-Срби, Македонци Роми, само јас не можам да бидам Македонец-Македонец. Јас можам да бидам само Македонец-граѓанин. Кога ве читам како пишувате и коментирате за соживот ми се крева коса на глава. Соживот меѓу што. Меѓу Албанци и граѓани, мегу Срби и граѓани, меѓу Бугари и граѓани, меѓу што е соживотот ?
Попарадоксално - здравје.
Два споменика се дигнаа и чиниш атомска бомба си фрлил. Немој нешто случајно да му текне на Македонец-граѓанин да стане Македонец-Македонец. Морам вака да ги објаснувам работите зошто мислам дека повеќето млади не разбирааат што им се случува и зошто се случува. А за бистата во Чаир, сами ке си ја вратат. Не им се исплати. Премногу добро им е тука.

Мигрена, идиоте, каква ти е

Мигрена, идиоте, каква ти е таа инфериорна, фрустрантна, себе-деградирачка позиција дека во славна Македоња не моеш да се наречеш Маќедонец?! Што ти е, бе, тебе, чоече?! Да не те тепале ко мал, шипците у двојка?! Да не имаш инцест од тато или дедо? Какви ти се тие (крипто)фашистички фрустрации, бе, батка?! Кој ти забранил да се лупаш у груди, ко Тарзан, сред плоштад?! Кој ти забранил да бидеш Комита или како веќе се викаат децата што (ќе) колат шиптари итн (само во фантазијата, да се надеваме, господ да даде).
И второ, не се два споменика него се негде накај 200, сеа за сеа. Само на еден мост ги има начукано триесетина (ги викаат самоубици). Само на една зграда ги има пун курац друга гарнитура (самоубици, меѓу кои и Радев, памтиш). А за сумите коа станува збор, само еден (од твоите укупно „два“) споменика, Воинот на коњ (тоа ли те фрустрира, бе, машко?! што Аце си го викаме педерчо, скришно и нагалено?!), чини десет миљона јевара (што би рекол Аце Станковски). Знаеш што се десет миљона јевара, бе, Мигрена, идиотче?! Тамам за два споменика, а, викаш?!

Знаеш што се десет миљона

Знаеш што се десет миљона евра Сдмаш? Едно крило од Ф-16. Ќе ти фали уште некое евро да купиш половно авионче со кое ќе ја браниш Македонија, вака граѓански, од интерес. А бе морон еден, иди седни у кафана и допи си го еспресото. И дур пиеш од тоа кафето ја види во тоа новините кај пишува македонски Македонец као контра опис на македонски Албанец. Оди прочитај ја преамбулата во уставот и најди ми каде пишува Македонец или Македонци со голема буква. Во цел устав два пати е напишан зборот Македонци, а зборот Албанци е напишан три пати. Во преамбулата има се само нема Македонци. Има македонски народ, меѓутоа и македонските Албанци, македонските Срби, македонските Турци се дел од македонскиот народ. Ти бе батка Сдмаш што си и кај си во уставот?

Оф мори мајко, како човек да

Оф мори мајко, како човек да ве смири, вака фрустрирани и нереализирани?! Ни пари више не помагаат! Ни тендери! Ни апсолутна власт! Што сакате, бе, груевчиња-гревчиња, црни несреќници?! Рамката на сопствената земја не ве задоволува. Третина од населението (муслиманите) сакате да запалите или мирољубиво да ги протерате. Уште барем една третина се предавници. Сеа и Уставот е проблематичен, ги дискриминирал Македонците, ни више ни мање! Два пати биле спомнати, а Албанците три пати, еј! (Исто така и Скопје имало 112 цркви, а 113 џамии, еј! И таму некои пизди соросоидни ќе ми ти се бунеле против црква на плоштад, мамицата им!)Под флоскулата македонски народ во Уставот се мисли на циганана шипосана и останатите неантички елементи.
Мигрена, жал ми е за тебе, што да ти кажам... До вчера никој не ја признаваше Македоња, само душмани, само ѕверови со наострени песјаци, а од денес, глеам, и однатре се осеќате непризнаени?! И тоа, ко Маќедонци, лебати, непризнаени?! Среде славно античко Скопје, среде славен плоштад, Мигрена, ти мораш да се криеш по дупки со македонството?! Ах, каква трагедија! Ама, нема везе, може сеа набрзинка сас Алија да спакувате нов Устав! И мирно Косово! Кој е ко нас, ееееј! Ја сам Македонац, доѓе ми да полетим!

Не се секирај многу за мене

Не се секирај многу за мене Сдмаш, јас ја подобрувам ситуацијата во која живеам, за разлика од тебе кој очигледно живее во погрешна земја ( Македоња, Македонац). Ти си тој на кого не му се допаѓа животот. Ти си ограничениот. Нејќеш да мислиш пред 45-та. Светот не постоеше пред тоа. Очигледно и кај тебе зборот Македонец има ефект на глогов колец. Дури мислам дека сме сведоци на раѓање на некој нов „СДСМ мит“ во смисла на неисполнети и потрошени животи за неуспешни проекти - а ла ВМРО
пред втората светска војна. Еден ден и вие ќе имате доволно материјал да си направите свој СДСМ музеј. До тогаш останете во маки, фрустрации, неисполнети соништа за власт и приказни за големата борба против „сељаците“.

меглена, еднаш овде те праша

меглена, еднаш овде те праша некој, кои се добрите страни на проектот Скопје 2014 само без просерување како на пример добро е да се гради и слично. Које интерес твој овде го застапуваат тие?

Како кој интерес, па јас

Како кој интерес, па јас немам некое друго место на планетава каде да ги најдам симболите на македонската земја и историја.

Тоа што разни занаетчии - архитекти, скулптори, естетичари имаат коментари, за демек недоволно добро изведени симболи по нивните еснафски мерила, е нивни проблем. Тоа покажува само колку не разбираат што се случува. То ви би било исто како на Washington Monument во Washington DC, да му барате мана и да велите дека аголот не е баш погоден како што треба.
Симболите на една земја се мерат со други мерила. Не се мерат со постојните модерни правила на еснафот. За македонска држава и идеја животите ги дале многу наши предци. Нешто не сум сигурен дека некој од нашиве архитекти е спремен да го даде животот за да го продолжи делото на Кензо Танге. И на крајот на краиштата тие симболи сее направени за македонскиот народ, и тој треба да го суди и да даде оценка дали симболот е добар или не. Како дава оценка ? Отидете навечер на плоштад , или преку цел ден и ќе ја видите оценката.
Како и да е паметниот дел од Скопје 2014 е дека е направен со домашни ресурси, освен лиењето нели, и е чист капитал ушприцан во македонската економија. Истото тоа можеше да бидат ултра модерни стаклени фасади, комплетно увезени, и монтирани во Скопје, со нула импакт, односно негативен импакт како одлеан капитал, на македонската економија.

добро, кажав, територија не е

добро, кажав, територија не е компензација за права (бадентер), територија се менува со закон и ќе се менува и во иднина, ова е е идеална поделба поради тоа што прави проблеми, има насилство, не се согласуваме со тој закон и тоа мора да оди назад. добро, не е 2001, тоа запомни го и реков, нема територија да даваме, како сакаш свати.

Тоа е парадоксот: оние што

Тоа е парадоксот: оние што жестоко се бореа суштината на Рамковниот да биде унитарна (а не федерална) Македонија испаднаа „предавници“ (Фрчкоски, Борис Трајковски, странците итн.). Оние, пак, кои се против Рамковниот (будалчето Хорхе, Грујо и другата националистичка багра, све јаки борци за името и достоинството, барабар), е токму тие ја федерализираат Македонија, наспроти Рамковниот!

македонија ниту е ниту ќе

македонија ниту е ниту ќе биде федерална, е унитарна. тука тикварката ванковска да запомни дека јавното јадење говна како двајцата премиери требале да застанат пред јавност итн. само допринесува (како и други) за засилување на страстите кај тие што ликвидираат деца на езера или не малтретираат со секојдневни прости, малоумни, ретардирани. сега гледам дека е можно да се врати на власт сдсм само ако бранко јасно предложи закон за ревидирана територијална поделба (поради таквиот изгласан закон јас би гласал за сдсм и покрај се, у друг случај потоп да се случи, за ес-де-ес не гласам), не збориме за бришење на охридскиот туку за подобрување со заштити од повеќе страни, првпат после огромен период размислувам да гласам за сдсм ако се направи таков потег, инаку, на друг тип мускули груевски нема шанси да се добие, тоа стана јасно и затоа се поддржува законот монментално; тоа што го потценуваш моето мислење и ме ставаш и споредуваш со фашисти само кажува колку сме различни и не се познаваме, јебига, и доста со мудрости, дај нешто конкретно да направиме. ваквите закони само насилство создаваат, нема кохезија, сите училишта у скопје мора да станат мултиетнички, доста со тоа сепарирање и срање и ликвидации, преку кур више.

Физичар, ми се чини дека си

Физичар, ми се чини дека си отфлотиран малку поеќе од (хипер)реалноста што јас ја глеам. Не велам, може проблемот е до мене, стварноста ионака наликува на кора од портокал, секое дупче е една стварност. Физичар, ти сосема ги занемаруваш Албанците. Македонците не можат без Албанците да носат какви било планови за општинско или друго прекројување на земјата. Готово е тоа. Умре приказната дека овде Македонците-Македонци се господари над сите други „Македонци“ (Албанци, Турци итн.). Ако толку им е (ни е) тесно и толку се (сме) фрустрирани Македонците-Македонци (ова се заебаам со фрустрантните и јалови нацоши а ла Мигрена) тогаш можат да предложат сепарација од албанскиот дел на Македонија (за тој дел ќе се преговара, можда малку и ќе се запука). Тоа е се’ што можат да направат „господарите на Македоња“, Македонците-Македонци (мора да ти се слоши и да ти се бљува од зборот мкд - тоа е правилото на нацошите; патем, тоа е и најдобриот начин да ти се згадат и Македонија и Македонците - груевистите тоа и го прават; на сличен начин и Србите на Слоба, балканскиот касап, на сите им ја згадија Србија; денес зборовите Срби и Србија по белосветски филмови, романи, песни, се речиси навредливи.) Значи, Физичар, по срамното искуство од 2001, никому не му е до војување. За кого да војуваш?! За славна мајка Македоња?! Олицетворена во некои идни ДУИ и ДПМНЕ?! За некоја идна конфедерација АЛМАКО ќе војуваме?! Или за братски сојуз со Русите, Србите и Бугарите?! Поделените карти не се добри за Македонците-Македонци. Додуше, и Албанците почнуваат да им идат на курац на сите комплет, со своите незауздани територијални аспирации - но им се може. Македонската држава е изгрицкана од скакулци и штеточини од типот на Грујо, Љубчо, Љубе, па и Бранко, Буч итн (т.е. изгрицкана е од глупоста и заостанатоста и неспремноста за држава на нејзините сопствени граѓани). Нема шанси ти и Тони Науновски (заедно со идеологот Мигрена) да ја спасувате мајка Македоња, Физичар. Твоето, прости, политичко бладање е само доказ дека немате капацитет да ја одбраните земјава, зашто главите и телата ви се во хаос.

добро ок, за твојот

добро ок, за твојот симпатичен анти-нихилистички нихилизам и за твоите проторасистички прдеж раскинувања и глушец де-мотивации у кои бараш гориво и мотив за уште само малку слад како и пукања у невидливото може доста да се напише, ко прокси младоженец си, прво освојуваш виртуелни територии па после пораз (уште против себе не си тргнал) правиш политички сојузи, пекмез мелези срања и останато, се пекмезиш шврлезиш се прљаш, едно бескичмењаштво и локален аморелен систем на инфериорсност, човече, место да одиш лично на свадба праќаш смрдени мудости и емисарство (ќе ми го грее виужето резервирано за тебе) у твое име да се потпишуваат за твојата иднина, која не е иднина и заедница на луѓе, него на расипано шупло набиено сирење у некој бљантав фрижидер од твојата тешка забулда по однос на смрдежите од луѓето што ни ги уништија животите и фамилиите кои те поддржуваат и бараат да стоиш на нивна страна у име на кељавиот испуфан смрден анти-фашизам кој се изроди ради таа стока (од грчев до останата багра морони, прдежи и идиоти, стока) шо ја спомнуваш и срањето-сирење кое се потроши, кое го нема (бранковистичка стока), таа мороноидна идила у која ти пиеш коктели и ми прдиш тука за фашисти, па погледни се бре, чоече. добро, ок, немам против ништо твоите текстови, не потеценувам никого, од горе реплика (болни умови кои ликвидираат луѓе од чиста мира на езера и останато, не се за потценување, но не сме ниту ние, опаметени сме), не се надценувај (тоа што вреди е прифатено), ес-де-ес умре, други доаѓаат.

не сме у војска да го ебам, остав..

сталин и берија? у кошот со

сталин и берија? у кошот со т.наун. заборавиш да ги ставиш сталин прости шиптаромрзачот бранко шо кршеше кичми и дробеше од тепање у гостивар од 7 до 9 јули 97ма или неговата сенка берија у тетово под мотото рушење на уставот, од трибина гледаше кршење лобањи парање и истурање црева низ тетовските улички, тие два лика. политичките врзани пријателите кои сомнително се држат како со вратило закачени како да имаат нешто да кажат ама не смеат, тоа е фашистичкото друштво што се претвори во демократи преку шансата презла трајковски која ја пржеа фрле-берија ѓунер и доста, фашисти кои сватија дека нема насилно решение со шопосите? ко роденден да ти е, стаи панделка од цревцата на јагнето дарко митревски, ти се потрошија метафорите на слабаци, ни со гајгеров бројач ништо повеќе не може да се регистрира, немаш ни тронче радијација, една обична истрошена стара отцедок крпа си, нема што да се научи од тебе веќе, иако наследството од твоето пишување го препорачувам на млади писатели, а 2001 арачиновци шипоси скандираа бранко да доџе, за да се продолжи со бандитизмот и лепењето на бандероли во мобилните фабрики у арачиново како и дестилериите за алкохол, тие шо сталин ги толерираше и им намигаше, тие фашисти, тие големи демократи кои епски ќе паднат, а со нив и целата багра од која ми се гади и повраќа, тие идиоти и стока, тие говна за кои ти правиш гадни грешки, тие порнофилски фаци ко павлова данева шо не би ја стаиле ни на 73 страна од маалско порно, таа снобовско среброљубска фаца на познатата медицинска будала шо се бави со политика, таа моронштина од петров, тие курви и стока, тој бранковизам, тој фашизам и антидемократија таа стока, е таму, каде што нашето доаѓа, таму ќе пукаме до сотирање, до другар им сотир, ако го немаат нек си го најдат, до тој фашистоидиотизам. глутница иде

Ко што неодамна овде на Окно

Ко што неодамна овде на Окно рече еден од вообичаено кретенизираните штапски коментатори на Фамилијата: Грчев не е обичен грчки предавник, туку тој ги застапува интересите на најрадикалните грчки националисти! Така ќе испадне и со Никос Грујос: тој не е обичен противник на Рамковниот, туку тој ги застапува интересите на најрадикалните Албанци! (а богами и Грци)

Еве друг пример зашто во

Еве друг пример зашто во демократија е идиотски принципот исклучиво (етничкиот) победник да формира влада. На пример, заради икс причини во една земја победува апла фашистичка (или апла комунистичка, како љубите) партија, која се заканува со распуштање на парламентот. Зарем сите други партии немаат право да се обединат против таа партија и да ја направат малцинска во парламентот?!
Демократијата е усогласување, разговор, барање компромис, коалицирање. Не е терор на победникот. Кај нас демократијата е терор.

Има еден славен стих од

Има еден славен стих од Емерсон: „Отворај ги вратите за оние што доаѓаат по тебе и не обидувај се светот да го претвориш во ќорсокак.“
Црниот пастир ни го претвора светот во ќорсокак.
Како Свирачот од Хамелн. http://www.okno.mk/node/19532

Добро е и ова од Ибзен:

Добро е и ова од Ибзен: „Пловиме со мртовец во бродот“.

Читајте ми ги текстовите што

Читајте ми ги текстовите што сам си ги референцирам по сто пати, и бидете насмеани.

Fuck logic, logic's soooo last Tuesday. Глумете авангарда!

Бомба за влада, власт за Бранко.

Прав си Антифашист. Во МК се

Прав си Антифашист. Во МК се менува конституцијата, намерно велам така, затоа што и без уставни измени се менува уредувањето на Власта, што најеклатантно е во парламентарната сфера.Уставот по ниеден основ не обврзува парламентарното мнозинство да се формира на начин како што е сега, но праксата што е прифатена од сите политички играчи е издигната на ниво на "оче наш" и плус тоа се вклопува(ше) во мултикултурните концепти на надворешните фактори.
Се додека не се раелизира друго сценарио, ќе биде вака.
Клучот за евентуално менување на постојната конституција е гласање за доверба на Влада(ДУИ да гласа за недоверба + сите, сем ВМРО), што долгорочно може да отвори простор за чести рекомпозиции на Владините состави, правна несигурност, нестабилност. Тој пристап функционира во системи каде јавната и државната админситрација се сосема или во значајна мера издвоени или имуни на политичките влијанија на доминантиот политички фактор(партијата победник).

коментирањето сам со себе

коментирањето сам со себе продолжува...

Халуцинации пропратени со

Халуцинации пропратени со повраќање.. (puke):))

Значи, ако и малку имав

Значи, ако и малку имав сомнеж дека се работи само за различни погледи на свет, а дека желбата Македонија да се успее како држава и убаво место за живеење ни е заедничка, сега веќе сум потполно сигурен дека се работи за луѓе кои организацирано работат против Македонија. Нема ништо да пишувам како аргумент само би ги навел читателите да обратат внимание кој се ќе напише колумна за моронската идеја Албанец - премиер. Ивор Мицковски и Гељо си ја завршија работата. Фрчко ја пласира бомбата и сега треба овие морони ( се извинувам за класификацијата, ама нема друг термин со кој би го опишал ова), треба да го омекнат ’рбетот на Македонците, за полесно да се свитка. Веќе коментирав на оваа тема - step by step уништување на македонското во Македонија, процес кој овие наши кметови толку силно го помагаат. И сега очекувајте колумни од Бранко Героски, Ризаов, Фрчко, а после и сателитите кои верно ќе ја бранат оваа глупост со : Па што, па што ако е премиер Албанец?
Одговорот на сите тие е - баш затоа, затоа што е Албанец. Ако тој некој се дефинира себеси со поим Албанец ( национален термин на друга држава) во Македонија, тој некој не разбира што е граѓански систем, и не разбира што е демократија. А ако се дефинира себеси дека е Македонец, тогаш мене не ме интересира каков му е етничкиот бекгроунд, и нема потреба да ме убедува дека е за Македонија. Многу едноставно.

Мигрена, спинеру! Вие си

Мигрена, спинеру! Вие си работите по штапски налози, и заради тоа светот надвор ви изгледа ко штапска конспирација. Леле леле, ќе ја изгубиме власта! Парите, моќта! Дај уште една доза национализам! Дај да удриме против шипосите, тоа увек пали! Грујо и Ахмети се гробарите на Македонија. Тоа погоре во текстот јасно го пишува. (Јасно барем за оние на кои целата перцепција згрчено не им е врзана за единствената волја и идеја - да се остане на власт.) Грујо и Ахмети (а богами и нивните слуги, како и сите други што ги манипулираат своите овци со националистички магли), не само што треба да ја изгубат власта, туку треба да одат и во затвор.
Мигрена, проѕирни ви се спиновите. Истата проклета приказна, од Хитлер до Милошевиќ. Не гледајте што правам, само слушајте ме! Додека ги пљачкам крваво измолзените народни пари, јас ќе ви кажам кој е стварниот душман: шиптарот! Гркот! Соросоидот! Аха, баш се така наредени работите, Мигрена, зарем не?!

Па ако историјата е некој

Па ако историјата е некој репер, тогаш да, баш така се наредени работите. Стварните душмани се тие што ги наброја, можеш да ги додадеш Бугарите. Ај добро, кажи ми еден пример во задниве 120 години каде некој од тие што ги наброја, направил нешто за Македонија. Било што, кажи направил пат ли, рекол Македонците постојат, рекол Македонците се Македонци, било што... Невозможно е сосед, па и Европа во задниве 120 години да не направи една добра работа, невозможно.
Ама видиш, тешко е да се најде такво нешто. Е сега јас не знам што подразбираш ти под душман, ама мене тоа ми се доволно индикации да знам кој ми мисли добро а кој не.
Како и да е мојот коментар не се однесуваше за тоа, туку дека апсолутно немам проблем Македонец да ми е премиер. Нека се вика и Фатмир, само нека е Македонец. Типови со резервни татковини не се добредојдени, од едноставна причина што немаат што да изгубат. Со случајот на Љубчо Георгиевски се виде како се однесува човек со резервна татковина. Оксиморонски е прва квалификација да му е дека е Албанец, и за тоа да дискутираме. Кога сме кај тоа зошто не дискутираме да ставиме мајмун за премиер, и тоа е валидна дискусија. Прво ќе се договориме да биде мајмун, а после ке бараме паметен мајмун да го ставиме на местото.

Мигрена, по обичај, или не

Мигрена, по обичај, или не копча или си ја мантра дневната пропагандна агенда од штабот. „Премиер Албанец“ не е тема на текстот на Гелевски. Штавише, таа тема е глупост што доаѓа од агитпропот на Фамилијата. Но, кога веќе агитрпропот на Црни Грујо наметнува тема (као била добитничка за нив) треба да им се каже: и Црниот Ѓавол е подобра варијанта за Македонија од Црниот Грујо. Ако Албанец на чело на владата може да обезбеди стабилна влада која за шест месеци ќе организира демократски избори (она што под груевизмот нема да го доживееме - фер и демократски избори), зашто тогаш да не биде премиер Албанец? (Уствари, според логиката на Мигрена, секој македонски државјанин е Македонец, така што неговото албанско потекло не може да биде пречка тој да стане премиер.) Хари КОстов беше премиер, иако припаѓа на многу помало малцинство од Албанците. Прашањето е сосема вештачко. Нам ни треба добар премиер, а не етнички фејкер кој работи за подземјето и за клановите. Ни треба излез од теророт на етносот и партијата кои во микс ја прават овдешната автентична мафија.

СДСМ под Бранко Црвенковски

СДСМ под Бранко Црвенковски исто така е дел од етничката (за мене: мафијашка) поделба на власта во Македонија. Црни Грујо само е одвратна и радикализирана (до наказност) екстензија на досегашните националистички политики, на Глигоров, Црвенковски, Георгиевски и нивните албански пајташи. Така што, не ни треба „премиер Албанец“ (тоа е само метафора), туку ни треба излез од теророт на етно-мафијашите.

Ајде да ја прифатиме од

Ајде да ја прифатиме од Мигрена наметнатата тема: „Премиерот Албанец“ може да биде добра варијанта во овие шест месеци до локалните избори токму како неутрален чинител меѓу двете закрвени (речиси до прагот на граѓанска војна) опции на ДПМНЕ и СДСМ. „Премиерот Албанец“ можеби ќе може колку-толку да ја пацификува зовриената атмосфера и да обезбеди фер избори. Во таа смисла, Македонија може да го смета и како благодет големото албанско малцинство.

Ееее, замаглена, еве еден

Ееее, замаглена, еве еден пример шо го бараш....грчките комунисти кажаа дека сме Македонци и така не третираа едно време...па и бугарските комунисти, коминтерната исто така такуѓере и, шо прајме сега?...ај ти сеа кажи еден од историското ВМРО кој спомнал дека постои македонска нација, само молим те без тртљање за независна Македонија, која ја предлагаа како втора бугарска држава..

Костурчанец, малку повеќе

Костурчанец, малку повеќе почит за ВМРО, барем атер за прекарот што си го одбрал. Мајголемата слободна територија за време на Илинденското востание е во Клисура, близу Костур, организирана од ВМРО. Како и да е еве една мала логичка загатка за тебе. Ако ВМРО работи на остварување на Македонија како втора бугарска држава, тогаш зошто упорно во нашите песни и мапи упорно го ставаме Пирин и Пиринска Македонија. Ако е целта Бугарија, со Пирин целта е веќе остварена. Пирин е веќе во Бугарија. По два пати ќе го ослободуваме Пирин? Второ, зошто територијаѕа на Сан стефанска Бугарија не се поклопува со територијата на обединета Македонија. Сан-стефанска Бугарија не ги опфаќа сите територии од Обединета Македонија. Значи костурчанец треба малку подлабоко читање на историјата и правите намери на Илинденците. Македонците се обидувале на сите начини да добијат независност. Некои со Бугарите а против Турците, некои со Младо турците, некои со фашистите а некои со комунистите. Единствено тие со комунистите успеале, поради причините што сам ги кажа во својот коментар, но тоа не било поради желбата за помош, туку слепо слушање на коминтерната која поради свои причини се обидувала да излезе на средоземно море. Ако не си знаел, еве уште еден интересен податок. Егејска Македонија имала свој представник на второто заседание во АВНОЈ. Димтар Влахов бил представник од Егејска Македонија и Владимир Поптомов од Пиринска Македонија.

Kolja, ti sredno edvaj

Kolja, ti sredno edvaj zavrshi najde da popuvash....odi be kopaj

Нешто ме чеша од позади...

Нешто ме чеша од позади...

ОкоБоли главаВицФото