Претопување во природата

02.02.2011 13:44
Претопување во природата

Оваа необична куќа се наоѓа во австриското гратче Frohnleiten. Карактеристична е по тоа што поради својата боја таа совршено се вклопува во околината.

Всушност, целата куќа (или градба) е прекриена со вештачка трева. Архитектот кој ја проектирал својата инспирација за нејзиниот изглед ја нашол меѓу цртежите на MC Escher, но и меѓу сликите на Пикасо.

Скалилата, прозорците и ѕидовите се насочени кон сите правци, а од одредени агли се добива впечаток дека куќата лебди. Но најглавно од сè е тоа дека поради својата зелена боја оваа необична куќа прекрасно се вклопува во планинскиот пејзаж околу неа. Веројатно живеењето во неа предизвикува неверојатно чувство.

Извор:awesomenator.com

Слични содржини

Јавни простори
Јавни простори / Европа
Јавни простори
Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија

ОкоБоли главаВицФото