Отворен повик за авторски аудио поткасти на КСП Центар-Јадро

14.03.2023 13:28
Отворен повик за авторски аудио поткасти на КСП Центар-Јадро

KСП Центар Јадро во рамки на проектот „Arts Hub“, отвора јавен повик за поддршка на автори и авторки во создавање на авторски аудио поткаст. На повикот ќе се одберат 5 апликации кои меѓудругото ќе добијат и поединечен хонорар од 8000 денари бруто износ.

Секој(а) што сака да го пренесе своето знаење, страста за своето хоби, алармот за одредени состојби и критика на делата од омилените автор(к)и, е добредојден(а) да се пријави на нашиот повик!

Темите за поткастот се:

Екологија и заштита на животна средина;
Ментално здравје;
Јавни простори и архитектура;
Критика или анализа на современи дела од областа на културата (театар, книжевност, музика, филм итн).

KСП Центар Јадро ќе обезбеди техничка опрема и простор при снимањето, менторство и помош во осмислувањето на разговорот, промовирање на епизодите на нашите социјални мрежи и краток курс од 5 часови за снимање и постпродукција на поткаст кој ќе го одржи Младен Павлески од BPM Streaming.

Младен Павлески моментално работи на поткасти со IRL Macedonia, Институт за комуникациски студии, Tomas performance podcast, Bajkerot i Crossfiterot, Coach Josif и Mamastefit Podcasts.

Вашата обврска ќе биде да ја спремате содржината на поткастот, контакт со евентуални гости и водење на поткастот. Поткастот може да го водите во тандем со уште една личност. Поткастот треба да трае минимум 30 минути.

За пријавување потребно е да ни испратите мејл на centar.jadro@gmail co назнака „Поткаст на Центар-Јадро“ во кој ќе наведете:

  • концепт за поткастот (до пола страна);
  • ваше кратко био;
  • претходно искуство со овој или сличен медиум;
  • дали ќе имате гости на поткастот и кои би биле тие;
  • колку епизоди планирате (минимум две, максимум четири, со можност за продолжување доколку има ентузијазам од страна на автор(к)ите);
  • дали ќе водите соло или со уште некој(а).

Краен рок за испраќање на апликациите е 19 март, недела, 2023 година.

Добиените апликации ќе бидат оценети од страна на тимот на КСП Центар-Јадро, а информациите за избраните автор(к)и на поткастите ќе бидат објавени најдоцна до 22 март.

Овој проект се реализира со финансиска поддршка на Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ).

Слични содржини

Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото