Реосмислување на тагата со алтернативни урни и ковчези

11.07.2023 13:02
Реосмислување на тагата благодарение на алтернативни урни и ковчези

Бидејќи индустријата на смртта има монопол на традиционалните церемонии, од кремирање до погреб, независните дизајнери повторно ја реосмислуваат оваа клучна фаза за да ги задоволат новите социјални, еколошки и духовни потреби.

Тактилна перцепција, Лиса Мерк

Со Тактилна перцепција, Лиза Мерк дизајнира дрвена урна во која се поставени десетици мали урни. Нивната форма, големина и текстура се менуваат, но содржината останува иста. Внатре стои пепелта на починатиот и кога е затворена, невозможно е урната повторно да се отвори.

Тактилна перцепција, Лиса Мерк

Секоја мини урна треба да биде доставена до ожалостеното лице. Тие се даваат за време на церемонијата, а за време на процесот на жалост, даваат материјална приврзаност кон оние кои веќе не се тука. Тие се конкретна врска до која треба да се доближиме за да можеме заминувањето да доживееме заминувањето целосно и поспокојно. 


Ледена урна, Дајан Леклер Бисон

Дизајнерите Ана Цители и Раул Брецел креираа капсула во облик на јајце со која ги претставуваат новите сензитивни и згрижувачки ритуали поврзани со смртта кои се дел од истата еколошлка линија за која стануваше збор.


Ледена урна, Дајан Леклер Бисон

Внатре, телото на починатиот лежи во фетална положба. Капсулата Мунди е биоразградлив објект кој треба да се закопа и врз кој расте дрво одбрано од починатиот или од семејството. Капсулата потоа станува нова алтернатива на традиционалниот ковчег.

Капсула Мунди, Ана Цители и Раул Брецел

Извор: https://www.cerclemagazine.com/

ОкоБоли главаВицФото