X-Men

11.02.2011 13:09
X-Men

Омразата скапо се плаќа. Оној што ја шири омразата, највовлечениот, најжолчниот, на крајот на баладата најчесто го плаќа целиот цех. Тоа е, на пример, причината зашто нацистите се решија на индустриски начин, ладно и механички, да спроведуваат геноцид.

Ги отфрлија од себе лошите емоции што се создаваат при непосредното нанесување зло. Убиството на милиони „несоодветни“ луѓе нацистите го поставија на голема оддалеченост од самите себе, и тоа до тој степен што суштината на задачата на истребувањето ја доверија на идните жртви! Самите Евреи, Роми, Словени, хомосексуалци, комунисти итн. ги полнеле и ги празнеле плинските комори и ги носеле труповите во крематориумите. Нацистите, господарите на туѓите животи, само го надгледувале и обезбедувале индустријализираното убивање, сместени најчесто во вторите и третите прстени на концентрационите логори, без директно да спроведуваат зло, или барем неверојатната обемност на тоа зло привидно да ја тргнат од своите плеќи. Убивањето било оддалечено со надзор, техники и процедури.

После многу младешки неодговорно дивеење, после пет години предводништво (втемелено токму во перманентното и од ништо и никого ограничено сеење омраза) до тоа скромно мислење (дека омразата е скапа) конечно дојде и пастирот на цицибан царството - пресветлиот лично, Малиот-Големиот, Златниот-Црниот, неговото скромно височество Никола Груевски.

Светителот (светиот еманатор на македонската светлина), низ необичен (речиси христовски) пресврт, покажа не само дека тој нема никаква врска со злото, туку себеси се прогласи за ненадлежен, за чекоречки облак, речиси за свет дух; светителот, на пример (покажа неговата спектакуларна преобразба, пред лицето на камерите и во присуство токму на неговите душмани!), не е од овој свет, а посебно нема никаква влијание врз сосема независното судство, врз сосема независните медиуми, министерства, текови, имиња, идентитети, истории... Светителот чекореше по вода таа вечер, што успеа да го види дури и хронично слабовидниот Александар Чомовски (да не зборуваме за хипнотизираните сведоци на преобразбата, хронично нарцисоидните и неспремни - особено за чуда - Борјан Јовановски и Младен Чадиковски).

Иронизирам, се разбира, но маневрите што таа вечер ги правеше „пастирот“, пред зградата на владата, пред премрзнатите новинари и својата верна свита - навистина наликуваа на магија! Притоа, мора да се напомене, тие маневри, лупинзи и вратоломии не беа афект, не беа моментна инспирација или импровизација, туку неумоливо доследно втерување на груевизмот во коски! Не е важно само да му се покориш на груевизмот - подучуваше О’Брајан во „1984“ - туку треба да го сакаш! Оттаму искрената фрапираност на премиерот, како воопшто постои некој, дури и среде „непријателска“ територија, кој нему се осмелува да рече „Уа!“ или „Лажеш“. Вџашени пред перформансот на одлебдениот предводник (можеби во потрага по засекогаш одлебдениот балон „Invest in Macedonia“) смотаните новинари само можеа да си ги затнат муцките и да присуствуваат на левитацијата на факирот на преродбата.

Гледајќи го чудото на преобразената љубов (таа вечер светителот емитираше - налик на неговиот јавен обвинител неколку дена претходно - емпатиска светлина дури и кон заточените криминалци од Перо Наков!), се сетив на еден интересен филм од 2000 година, „X-Men“ на Брајан Сингер. Се сетив, поточно, на фасцинантниот лик на Магнето, чудесновишниот мутант кој на еден, според неговите сфаќања, добронамерен начин се обиде да го промени ставот на сенаторот кој имаше намера да воведе антимутантски закон. Магнето, магнетизирајќи го сенаторот, од него создаде мутант - и така си го реши проблемот со потенцијално опасниот закон. Но, за потемелно да го реши проблемот настанат поради разликите меѓу луѓето и мутантите, Магнето едноставно реши сите луѓе да ги изложи на мутации.

Тоа е своевидна педагогија со мускули: нема потреба од убивање; Магнето луѓето ги прави мутанти, присилувајќи ги да го променат своето мислење и одново да ги разгледаат своите предрасуди за тоа што е нормално а што не е. Кога на светот ќе останат само мутантите, ќе нема потреба од антимутантски закон. Магнето го превртува нацистичкиот концепт; наместо „другиот“ да се истреби, тој треба да стане сличен. И тогаш ќе нема потреба од убивање. Се разбира, концептот само на прв поглед изгледа како „превртена“ нацистичка метода, оти сенаторот, најпрвин претворен во човек-медуза а потоа во локва вода, неминовно умира. Претворањето на другите во сопствени реплики е нивно уништување. Методата на Магнето (кој, патем, уште од мал бил жртва на нацистичките логори) всушност е иста со онаа на нацистите. Да се промени другиот толку радикално за сосема да ги промени своите стојалишта - е негово убивање. Магнето станува тажен кога почнува да го согледува безизлезот; почнува да разбира дека омразата е скапа и дека цената за нејзиното ширење е големата тага.

Францускиот филозоф-филмофил Оливие Пуриол во својата книга „Филмозофија“ смета дека Магнето е неспособен да ја разликува моќта од власта. Магнето е опседнат со омразата и смета дека, за себеси да се сочуваш или изградиш, мораш да го уништиш другиот. Магнето, за разлика од добрите мутанти на докторот Ксавиер, не се обидува да овладее со сопствената моќ, туку да добие власт. Поедноставено речено, моќта е позитивна, власта е негативна. Моќта го потврдува битието, а власта го одвојува битието од неговата моќ.

Власта е моќ којашто деградирала и која својата среќа ја гради врз несреќата на другите.

Извор: Глобус, 08.02.11.

Nazi Theory of Internet The

Nazi Theory of Internet

The theory that, no matter on what forum, if something mildly controversial comes up, Nazis will eventually be brought up as a counterpoint, and discussed.

Не е ни чудо што Коља е

Не е ни чудо што Коља е опседнат со нацизмот и фажизмот како концепти, покрај тоа што самиот е латентен фашист (реториката која ја користи кон неистомислениците, лепење етикети, омраза) неговиот работодавец Џорџ Сорос е еден од пионерите во таканареченото Наци-етикетирање како "аргумент" во било која дебата.

Republican National Committee Chairman Ed Gillespie is calling on the Democratic Party to disavow an 2004 presidential ad campaign that uses visual imagery to compare President Bush to Adolf Hitler.
"That's the kind of tactic we're seeing on the left today in support of these Democratic candidates," he complained.
In November, MoveOn.org's primary financial backer George Soros compared Bush to Hitler in an interview with the Washington Post.

Кампањата на милијардерот Сорос продолжува насекаде на светот, која влада не му се допаѓа таа е назистичка, фашистичка...

Активностите на СОРОС во

Активностите на СОРОС во Македонија ги пишуваше во НАДЕЖот на безнадежниот. Именување на Грујо како нацист, формирање невладини организации и граѓански здруженија (Плоштад Слобода, ГЕМ) е само еден дел од стратегијата, наменета за БЦ да се врати на власт. Платена со народни пари разбира се, како што милуваат да кажат!
Коља напишал, оној што шири омраза, највовлечениот, најжолчниот, на крајот на баладата најчесто го плаќа целиот цех. Како ми стои работава, самоит он ќе го јаде стапот на крај. Цехот ќе го плати он, но ако Милчин му даде пари. Ако не, ќе остане ускратен за годишните хонорари за Маргина, Точка, ГЕМ... После шо праиме, ќе биде некој пакувач на смоки кај Геро во Шпиц.(со Јофе заедно):))

brej brej. Se javi gleam

brej brej. Se javi gleam dezurnata smena .. samo edno se mele , bc bc, soros,milcin
Ne ve ucat tamu vo vecernoto skolo za net trollovi deka treba nekogas i sodrzina da diskutirate , no pri toa treba nesto i da citnete, vidite od drug tret agol, mozgate.. pa lupni posle komentar.
Vaka samo copy paste toa mantrata so soros-milcin i bc

краветино, секоја колумна во

краветино, секоја колумна во последниве 10 години на коља содржи фашизам епа види кој мантра кој пере мозоци.

Од левитирање до

Од левитирање до Левијатан

Интересна опсервација на технологијата на злото/злосторот. Многу користена методологија во нашава секојдневица е инструментализацијата на жртвите и хигиенскиот круг на посредници и институции со кои власта се гради од предметот и местото на злосторот. На пример при дефамација на Шеќеринска го користеа Стоилковиќ. Инструментализацијата на лицето Латас за разновидни хајки и шиканирања стана многу позабележлива откако истиот доби пусулче за ’невиност’. Потоа судовите како редовен инструмент за ’хигиенска репресија’ на политичките неистомисленици. При тоа жртвата се репресира и со понижување и малтретирање и на членовите на семејството (млекарот Душко, Велија). Од лепезата на посредници да се потсетиме на улогата ба М Баум во доопљачкувањето на млекарите од Свидмилк и неговата улога на лажен спасител. Убедувањето/измамувањето на жртвите дека се кривци навистина се усоврши во пастировата школа на лажење. На пример министерот за образование скоро да ја убеди јавноста дека обавил јавна расправа и ги вградил забелешките на измените на законот дадени од професорите на УКИМ, иако не одржа ни една средба со нив. Потоа префрлањето на бељата врз одгледувачите на тутун итн, итн...На крај, еден од поморбидните случаи, како на новинарот Таневски му ’појде од рака’, поточно ’од глава’ да се удави во кофа вода?

некогаш окно ми беше омилен

некогаш окно ми беше омилен сајт за посети, ова најреално го кажувам. алтернативен онлајн простор за луѓе уметници по душа, за „револуционерни борци“, за суб-културни случувања...имаше мали, но вредни стварчици за споделување.
сега го прелистав после може година дена и толку ми е криво и жалам што е заразено со најопасната болест кај нас, политиката. окно сега е како млад човек, без идеи, без иницијатива, без желба за стварање нешто убаво...единствено “пљука“ со цел да зарази поголема маса луѓе, ги мрази сите слободни луѓе...ах не можам веќе.
само 2 милиони народ, а толку омраза меѓу нив, толкава поделеност, или си од оние или оние, ако не си од тие тогаш веднаш добиваш етикета дека си од оние. едни исти коментари, едни исти реплики и фрази, колку е лош едниот, колку е полош другиот, краделе тие, ама крадат и овие, зборови како нацисти, фашисти, диктатори...се користат толку слободно без тронка размислување тоа каков впечаток се остава.
имав план да напишам многу повеќе ама тука ќе завршам. по некое правило очекувам веднаш етикета.
Коља, најдобронамерно, размисли убаво во кој правец оди окно, дали вреди да се жртвува, дали вреди да се изгуби алтернативна публика, за да се добијат коментари како што имав прилика да прочитам. Овака беше во зачетоците на блоговите кај нас, не дозволувај окно да стане третокласен блог.
Поздрав.

Eve, kratko, jasno i

Eve, kratko, jasno i najiskreno. Bez izlisni filozofii, bez nepotrebni setanja po tavan.Pozdrav do licnosta sto go ostavi pogorniov komentar. Ja spodeluvam negovata/nejzinata taga i ogorcenost.

PS: se izvinuvam za latinicata, ne pisuvam od moj PC

Овој Кољо незнае ни 2 реда да

Овој Кољо незнае ни 2 реда да пише без да спомиње нацисти и хитлер...понатаму не вреди да се чита.

човече малечко...па ти си бре

човече малечко...па ти си бре опседнат со фашизмот. Едно не ми е јасно дали пред 2 години имаше избори и луѓето си одбраа влада и истата ќе имаат право после две години да ја сменат? За каков фашизам зборуваш? Ако имаше фашизам сигурен си дека ти ќе пишуваше против таква фашистичка влада??? Мислам не, ама ти пишуваш секојдневно. И реши се веќе еднаш или се фашисти или комунисти (како ги нарекуваше во минатото)? Сега, после ова што го напишав слободно можеш да ме навредуваш:)таков ти е стилот

Боже. Цела ДПМНевска

Боже. Цела ДПМНевска комесарско-пандурска алијанса огорчено постира на ОКНО и активно го мрази Коља. Им ги навредувал патридиотските сентименти и пресветоста на односот со божеството - Пастирот.

 Доколку сакаш да дебатираш

 Доколку сакаш да дебатираш јасно и гласно изјасни се (имаш гем клуб кој ти го овозможува тоа), не трескај глупости само. Погледни си ги твоите постови дали личат на нешто, си мислиш дека си некој голем мудрец а уствари си тешка серална.

Серална ти е устата погана. А

Серална ти е устата погана. А сите вас ве води не божја промисла и христијанство, туку сте испрелестени од Сатаната. И опседнати сте со смртни гревови - крадење, лажење, самољубие, возгордеаност. Лажно се претставувате како дејци за народната кауза, а всушност на народот крвта му ја пиете и за каузата на Светот Подземен работите.

Ама престани да трескаш

Ама престани да трескаш глупости божее ...

Развалените институции, со

Развалените институции, со урнисани буџети, растурени раководства, распарталени архиви, документација и планирање сведени на комуникација по мобилни телефони, безбројни тендери, мегаломански набавки на непотребно и прескапо, адолесцентско однесување на немирно дете во евро интеграциите, кое удира клоци под маса итн, итн, итн не ги гледаат. За младунчињата кои што сега прогледале, идиотската неспособност на партократијата им изгледа како мала грешка во огромниот зафат на пре(р)одбата. Гротеска. Одмазда на уличарите, бегачите од часови и плукачите во јадење.

"Оној што ја шири омразата,

"Оној што ја шири омразата, највовлечениот, најжолчниот, на крајот на баладата најчесто го плаќа целиот цех".

Така се почнува колумна! Со себе на чело!

И шо сеа се изнапцувте по

И шо сеа се изнапцувте по партиска основа и ко божем постигнавте нешто...

Тие што го работат ова за без

Тие што го работат ова за без пари само си го губат времето место да се грижат за сопствениот живот. А тие што го работат ова за пари немаат никаков ефект со овие ретардирани колумни и коментари.

Текстот на Коља, како речиси

Текстот на Коља, како речиси сите негови текстови, е извонреден затоа што постојано дава одговори. Пред се, во конкретниот текст, дава одговори за различните лица на фашизмот (кој секогаш е актуелен, особено денес, и во неговата ориентална фундаменталистичка варијанта и во европската националистичка варијанта); текстот дава одговор на честиот аргумент од груевистичките апологети: „како бе фашизам кога слободно го критикувате пастирот?!“ Прво, не е слободно критикувањето на груевизмот, но некои луѓе добиваат повисоки казни, а некои луѓе се игнорираат и речиси се слободни. Коља укажува дека на современиот фашизам не му треба убивање и тотална контрола, оти тоталната контрола се одвива на економски план. Другото више-мање е небитно и се толерира.
Окно, инаку, се разбира, исто така е извонреден медиум и тоа колку-толку ја оддржува вербата дека Македонија не е најтемниот вилает во светот (а во Европа е, и покрај Окно). Мала слабост на Окно, според мене, е што борбата против многу опасниот груевизам не ја водат уште повеќе луѓе во разни јазични регистри (драго ми е, на пример, што ликовниот дел е многу добар, особено прекрасните улустрации на Свирачиња); но, знам дека Македонија е мала, дека има малку паметни и храбри луѓе, така што Окно сепак врши голема работа.
За критичарите не вреди да се трошат зборови. Бесните кучиња на бесниот и луд пастир, човекот што ја зацрни земјава, еден од најмрачните водачи во современата македонска историја. Кој него го следи не е со сите (даски во глава). Жал ми е за тие запуштени деца и луѓе, како што ми беше жал за фанатизираната толпа што го обожаваше Милошевиќ. Јадни, да, но направија невидени зулуми.
Поддршка за Окно, од секаков тип, останете ми живи и здрави и да се бориме заедно за понормална Македонија!

ОкоБоли главаВицФото