Околу 700 јавни објекти се загадувачи, бидејќи се греат на нафта и мазут

03.01.2024 11:16
Околу 700 јавни објекти се загадувачи бидејќи се греат на нафта и мазут

Седум големи болници и десетици помали болници и амбуланти се загреваат на мазут, покажува мапата на загадувачи која ја изработи граѓанската иницијатива „Шанса за Центар”. Меѓу загадувачите се болници во Прилеп, Битола, Гостивар, Куманово, Гевгелија, Демир Хисар, како и Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје. Овие седум болници трошат по 1.520 тони мазут годишно.

Откако министерот за здравство Фатмир Маџити најави построги мерки за пушачите, од „Шанса за Центар” побараа да преземе мерки и за менување на начинот на греење на болниците кои загадуваат.

„Нека си ја мислат пушачите како понатаму”, изјави министерот Меџити и најави ригирозни мерки против пушењето во 2024.

„Да ве потсетиме дека под ваша надлежност се седум големи болници по нашите градови кои секоја зима за да се загреат трошат околу 1520 тони мазут. Имате и десетици други болници и амбуланти кои се загреваат на нафта за греење. Овие токсични испарувања ги дишат сите наши сограѓани и тие ги разболуваат. Преземете строги мерки за пушењето, но сменете го и начинот на загревање на овие болници”, велат од „Шанса за Центар”.

Околу 700 јавни објекти низ државата се загадувачи бидејќи се греат на нафта и мазут, покажува мапата која ја направи граѓанската иницијатива „Шанса за Центар”. Во Скопје 100 јавни објекти, односно болници, градинки, училишта, касарни, судови и други установи, користат нафта и мазут и покрај тоа што градот има централно парно греење. Скопје води, но во незавидна положба се и граѓаните во Тетово, Куманово, Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Гостивар.

Извор: https://sdk.mk/

ОкоБоли главаВицФото