На20 февруари 2011 година, Никола Груевски го прифати барањето за предвремени парламентарни избори, а го одмолча барањето предвремените избори да бидат демократски, слободни и регуларни. Истиот ден, локомотивата на власта тргна во предизборен поход кој ќе ги доиспразни џебовите на граѓаните на Република Македонија и ќе ги доистенчи нивните слободи и права.
За само шест недели, од 20 февруари до 5 април, владата на Груевски нè задолжи со нови 504.701.305 евра! На 22 февруари, 1 март, 8 март, 22 март, 30 март и 5 април, владата на Груевски нè задолжи кај домашните банки 130.300.493 евра. Овие 130 милиони евра ќе треба да ги вратиме до 5 октомври 2011 година, со просечна камата од 4,2%. Во истите шест недели, владата на Груевски нè задолжи 374.400.812 евра кај меѓународните финансиски институции, истите оние кои до вчера ги отфрлаше. Кој ќе ги враќа овие 374 милиони евра следните дваесетина години? На крајот од 2010 година, секој граѓанин беше должен по 1.147 евра, а веќе на 5 април 2011 година долгот се зголеми на 1.399 евра.
За само шест недели, во печатените медиуми беше објавен 361 оглас за 1949 вработувања во јавниот сектор. Искуството кажува дека тоа ќе биде нов прилог кон партизацијата на и онака прекубројната јавна администрација.
За само шест недели, во отсуство на опозицијата, парламентарната машинерија на власта се надмина себеси и низ Собранието протна 171 предлог закон, а потоа со невидена брзина изгласа 43 закони, од кои само 2 закони се потребни заради усогласување со законодавството на ЕУ. За што и за кого е потребно итното „штанцање“ на 169 закони?
Во истите шест недели продолжи оркестрираното клеветење и етикетирање на сите индивидуи, здруженија и медиуми кои ги критикуваат недемократските практики на владата и владеачките партии. Списокот беше „проширен и надграден“ со Институтот Либерта и Ким Мехмети. Глодурот на телевизијата Сител му се закани на Љубомир Фрчкоски дека ќе му го измени личниот опис. Хелсиншкиот комитет беше спречен да ги посети притворените од случајот Пајажина, на кои четири пати им беше продолжен притворот. Сметката на А1 остана замрзната, а неколку возила за дистрибуција на Шпиц, Време и Коха е ре беа запленети.
Резултатите од супервизијата на околу 200 учебници, позната како „историски подвиг“ на министерот Тодоров, нема да бидат објавени, зашто биле за „внатрешна употреба“.
Но затоа во шесте недели беа објавени: конкурс за финансирање краткорочни проекти за технолошки развој; конкурс (повторен) за 1000 стипендии во висина од 2.500 денари месечно за студенти од социјални категории; конкурс за распределба на средства за финансирање на двегодишни проекти на млади истражувачи со годишен износ до 150.000 денари по проект; конкурс за научно-истражувачки проекти и програми на јавните научни установи; конкурс за 300 стипендии во износ од по 250 евра за објавен научен труд во меѓународно списание со тн. импакт фактор.
Зошто токму сега, со речиси цела година задоцнување, беа исплатени две месечни рати од студентските кредити и стипендии, зошто по една и пол година Министерството за труд и социјална политика почна да им исплаќа по 1.000 денари на околу 7.000 средношколци од семејства корисници на социјална помош кои редовно ќе ја посетуваат наставата (и тоа со пари од заемот на Светска банка)и зошто токму сега, по повеќегодишното барање од факултетите и институтите, на ректорот на УКИМ му беа врачени согласностите за вработување 86 наставници и соработници?
Во истите шест недели, Министерството за труд и социјална политика остана глуво за педесетина негувателки, воспитувачки и друг персонал од градинките во општините Карпош и Куманово кои се оставени на улица без решенија за вработување, за разлика од оние во општините Аеродром и Бутел.
Министерството за здравство објави дека се набавени 90% од медицинската опрема вредна 70.000.000евра. Дел од лекарите на скопските клиники тврдат дека опремата не одговара на реалните потреби. Ни во овие шест неделине се најдоа 400.000 денариза поправка на специјално возило за превоз на тешко болни деца во Клиничкиот центар.
Од бараните 100 милиони денари за пациентите со ретки болести, владата одобри само 10 милиони денари. Бесплатните ПАП тестови се бесплатни само за жените на возраст од 30 до 50 години. Капитацијата за матичните лекари одново ќе изнесува 50 денариза пациент, колку што изнесуваше минатата година, пред да биде намалена за 5денари.
На 4 април 2011 година, Фондот за здравство соопшти дека на државните и приватните здравствени установи ќе им додели 1,7 милијарда денариповеќе отколку во 2010 година. Истиот ден беше откажано помпезно најавуваното отворање на новата зграда на Клиниката за гинекологија и акушерство.
И во овие шест недели, болните заразени од различни болести, децата и возрасните, заедно чекаат да бидат прегледани во Клиниката за инфективни болести.
Мислам дека ова болдираново
Испратено на 15 април 2011 од Д-р ФројдМислам дека ова болдираново треба и во бои да ви биде, иначе за џабе ви е пропагандава!
Ова се статистики, факти!
Испратено на 15 април 2011 од Трајче ТрпескиОва се статистики, факти! Инаку тужба би попиле одма. Ти што мислиш за статистикиве? Само болдираново во болд и толку а?
Еве мое скромно мислење. 1.Не
Испратено на 16 април 2011 од ИнженеротЕве мое скромно мислење.
1.Не сум економист, па не сакам да коментирам многу на таа тема, ама видов дека дел се за инфраструктурни проекти, што максимално ги поддржувам.
2.Вработувањава за жал се тажни слики, особено рамковните, ама што да се прави, иако истото го прават сдсм во нивните општини и ќе го прават да се на власт. А за жал поголемиот дел од административциве не се свесни дека како ќе се доближуваме до ЕУ така ќе има и кастрење на администрацијата. Тоа ти е.
3.Во врска со донесените закони без опозицијата е виновна таа. Бојкотот испадна безполезен и тотално непотребен. Наместо да седи таму и да учествува во работењето на собранието, сега седат во партиските штабови и се расправаат за местата на партиските листи. А и тие 2 еу закона се повеќе од еу законите што ги донесе сдсм во нивниот мандат.
4. Не ми е јасно како можеш да критикуваш, а без тебе да те критикуваат?
И не ми го спомнувај радикалон Мехмети и синот негов кој е на платен список на велија. Се е кажано со тоа.
Во врска со латас немам што да додадам, бар он се заканува, додека фрчко спроведува на дело и тоа врз жени на паркинзи.
А за а1 се знае, и Никола Поповски си призна. Мора од некаде да се почне, ама сам си е виновен велија и што би кажал тој, сам си претерал и бил во афект. :P
5. Образование. Многу реформи, многу грешки, ќе видиме што ќе испадне со тоа. А инаку и одлуката да се учи македонски во албанските училишта од 4то одделение за време на сдсм очигледно и тоа беше за "внатрешна употреба".
6.Градинки. Истиот проблем. Партиски работи.
7.Здравствово останува проблем и секоја реформа беше буткана на уставен. Сега прашањето е дали владава незнае да напише закон или уставен намерно бутка закон по наредба?
Со оглед на профилот на црвенковски мислам дека е второто. Ама сепак е подобро отколку да чекаме да дојде Андреј Петров и да го врати стариот систем и да ги стопи лавовите. Бог да чува од такви морони!
Богами, бог да чува од такви
Испратено на 17 април 2011 од Анонимен 223Богами, бог да чува од такви морони, ко тебе.
1. Кои инфраструктурни објекти ги виде? Оние на рекламите?
2. Да вработуваше сдсм како што вработува вмро, сдсм никогас немаше да падне од власт. Не дека сдсм не вработувало, ама споредбите се ужасни..Ко шо споредувате сеа ѓоа аферите на Бранко со аферите на владата..коа ќе ги соберете сите Бранкови ќе стасаат 1% од владините.
3. Шо да се каже за некој шо мисли дека еден закон у парламент се носи у просек за нецела минута и затоа ја обвинува опозицијата? Но комент. Си се чудам шо почнав да ти одговарам, ама коа почнав ќе довршам
4. Фан на Латас..додуше срамежливо..ама Латас бил ок, Фрле бил тепач(усте колку време ќе го мантрате ова?)
5. А шо не почнаа одендаш и кај велија и кај другите? Селективна правда е најлоша варијанта, ако имаш 2 грама мозок да разбереш.
6. Образование...учебнци, дисперзирани студии...тоа се штети со долгорочни последици..огромни..и ова да го разбереш потребни се 2 грама мозок, не повеќе
7. Која здравствена реформа беше буткана на уставен? Распадот на клинички центар? Си бил ли у аптека у задње време? Знаеш ли дека обични антибиотици на рецепт ги има највеќе до 10-ти у месец, после тоа си ги купуваш приватно...уставен бил крив. Па за се ли го слушате она прцле од Велес?
Ај што сте дно, ама сите не однесовте на дното.
И одма со навреди, се виде
Испратено на 17 април 2011 од ИнженеротИ одма со навреди, се виде нивото. Очекувано.
1.Доволно е да прошеташ малку низ државата и да направиш муабет со луѓе. И да, нешто сум видел со мои очи сепак живеам некаде географски. Ама сепак не е доволно. Има уште многу.
2.Не е точно тоа и може споредбите се ужасни за тебе, ама за мене и повеќето луѓе се реални.
Аууу аферите на Бранко леле да почнувам да пишувам и за тоа. Можеш да ми ги посочиш аферите на оваа влада со која беа отпуштени 200 000 луѓе и со тоа пропаднаа многу приватни бизниси вклучително и тој на моите родители?
3.Па ако немаш опозиција да реагира незнам што да ти кажам.И онака парламент никој не следи во државава. А дали е правилно да се носи закон за како што велиш нецела минута не е правилно. Ама штетата од тоа ќе се види во иднина, ако воопшто се случила.
4.Јас не сум фан на Латас! Го памтам него уште кога водеше Профил и станува збор за сосема неморална и несовесна личност што си ја врши својата агенда на начин како што му е кажано, ист како Героски само од спротивен табор (бар сега за сега). Такви превртливи типови се најлошото нешто во нашето општество. Ти си тој што ги брани типовите како Фрчко и Бранко со некаква компарација со исти профилни типови само од спротивен табор.
5.Тоа е малку дискутабилно, селективна правда или никаква правда? Сепак би одбрал селективна, бар на дел од луѓето ќе им биде полесно. Инаку интересно е што и СДС можеа да го санкционираат додека беа на власт, па и останатите, ама јбг тоа ти е. Не се заинтересирани многу за борба против корупцијата, макар и селективна, затоа и го делевме местото по индекс на корупција заедно со Свазиленд.
6.Знам дека има долгорочни последици. Затоа реков дека времето ќе покаже и ќе им судат идните генерации, како што јас им судам затоа што е дозволено албанските ученици да учат македонски од 4то одделение! Инаку има и добри реформи, почнувајќи од екстерно оценување, странски јазици од прво одделение, компјутеризацијата и исто така нешто што ќе смени од корен и ќе се види тоа, затоа сум сигурен.
7.Секое ново градење подразбира претходно уништување. Вака нема да дознаеме никогаш дали ќе функционираше новиот систем. Инаку за лековите, во право си, тоа си остана така. И да уставен е крив.
Брате ние веќе бевме на дното во се. Јас бар бев и сеуште сум. Ти може доби вработување на еден член, едно ауди и сега си добил еден стан. Ако си добил нека ти е со среќа.
1. Ај кажи што е изградено.
Испратено на 17 април 2011 од Анонимен 2231. Ај кажи што е изградено. Наброј нешто. Колку км автопат, колку енергетски објекти?
2. Зборувам за аферите кои сеа се актуелни. Ако почнеме за Окти, Телекоми, крај ќе ни нема.
3. Ај кажи зошто, кога веќе се објави датумот на изборите, мора да се носат закони со светлосна брзина? Од кои само 2 со европско знаменце.
4. Знаеш ли што е огромната разлика меѓу Геровски и Латас? Геровски одсекогаш бил критичар на власта, на сите власти. Без пардон. Нешто што е нормално во нормална држава и за нормални новинари. За Латас не ни сметам дека е новинар. Тој пак, одсекогаш бил критичар на опозицијата. Т.е. не критичар, туку доберман на власта. На сите власти. У тоа друштво е и Миркица. Е тоа ја прави огромната разлика меќу нив.
5. Селективна правда не е и никогаш нема да биде подобра варијанта. Точка.
6. Ако имаш некој пријател професор прашај и ќе ти каже како се користат компјутерите. Башка што и таму имаше афера околу тендерите, ама ај за тоа да не забегуваме. Да, странските јазици се ок. Ама ваква деградација на образованието не може да носи ништо добро. Се изначитавме безброј анализи за каква катастрофа се работи. Впрочем 98% од средношколците у 2008 или 2009 се запишаа на факс. Тоа се пофали владата. Тој податок е доволен за да сфатиш за каков апсурд се работи.
7. Не знам кој закон го срушил уставен. И не се сеќавам дека некогаш немало лекови на рецепт. А сега нема. Читаш ли колку стручњаци се преселија у приватно здравство? Многу е широка темата.
Брате, колку што се сеќавам, 2005 бевме лидери на Западен Балкан. По се. 2012 Хрваска влегува у ЕУ. Албанија, за која бевме Америка, Албанија која се распадна 97-ма, граби напред како азиски тигар
Прочита ли каде не рангираа сега во однос на слобода на изразување? Под Танзанија, Уганда...и апсолутно на дното у Европа. на 102-ро место. А слобода на изразување е есенција на демократијата. На 102-ро место сме и по независност на судство. У мртва трка ни се слобода на изразување и независност на судство. На ДНОТо во Европа.
Жал ми е за твојата лична судбина. И мојата е горе доле таква, ама сеа немам намера да ја образлагам. Твојот став е од пилика ваков: викаш не е се како шо треба, ама и другите беа такви, па ај да си гласаме пак за Грујо. Епа ја викам да го смениме.
1.Никој не памти такви
Испратено на 18 април 2011 од Инженерот1.Никој не памти такви податоци, освен партиските штабови и луѓето што се засегнати и нема смисла од мене да бараш такви податоци. А за енергетските проекти требаат подолги подготовки ама пошто кај нас се фаќа тек од 3ти тендер па нагоре се касни. Ама во тоа верувам дека ќе биде.
2.Има афери и тоа е точно, ама не се согласувам со твојата штура бројка, дури и да не бројам и доволно е да спомнам дека скоро 90% се приватизира во време на Бранко и се е јасно. А телеком и окта можеше Бранко да ги поништи ако толку се загрижил и да ги пикне во затвор одговорните луѓе, ама не се случи тоа нели?
3.Не следам парламент, и тоа го кажав, незнам што не е јасно? Имаш надлежни служби побарај си мислење.
4.Јас не се согласувам со тебе, а и не е нормално да бидеш закоравен критичар на секоја влада тоа значи дека заземаш страна, а нели новинарот треба да биде непристрасен и има некаква етика, а и сепак нели има граница до кај можеш да "одиш"? А колку што се сеќавам за Латас, во мандатот на сдс (2002-06) не беше со опозицијата, ниту со власта, се додека не падна договор спм со вмро некаде пред крај на мандатот на сдс. А Мирка си има омраза кон Бранко и таа ќе си ја влече се додека не се пензионира тој и се надевам за доброто на државата конечно ќе го снема него од политиката и ќе дојдат нови лица во сдс зашто знам дека имаат јак кадар и што може да направи нешто повеќе за сите нас.
5.За мене е. Точка.
6.Имам пријатели професори и знам дека некаде се користи повеќе некаде помалку, мојата поента беше дека ќе се смени се од корен во однос на компјутерската писменост на младите и баш тие ќе дадат најголем придонес во нашето општество. И таа бројка од 98% ич не е за фалење ама и онака најголем дел ќе се откажат од факултетите во наредните години, впрочем како што се случувало и секогаш.
7.Беа носени 2-3 закони за здравството и тие беа срушени на уставен и самиот си кажа, ти го нарече нешто како "зошто би дозволил уставен растурање на клиниката" или така нешто. И да опширна е темата. Здравството остана проблем што ќе се провлекува, ама добро бар апарати ќе добијат колку толку, за жал толку малку работеа претходните што и нешто е многу за нас. Спомни име како Владо Димов и се е кажано.
И нормално е да пребегаат лекарите во приватното сепак се изградија многу приватни болници во последниве 5 години и нормално за поголема плата секој би си отишол ама па добро е што ќе се отвори работа за младите кадри да се вработат државно.
Брате, изгледа не сме живееле во иста држава. Јас колку што се сеќавам не сме биле лидери, колку пати доаѓаа и солана и компанија им викаа реформи, донесете закони, Бучко само викаше нема гајле и пак ништо. Нас кога ни дадоа дозвола за пристапни преговори и да се завршеше некоја реформа и да се носеа закони, ние ќе добиевме и датум за преговори, ама ЕУ не доделува на држави со индекс на корупција на африканска земја и инвестиција на Рамстор, нели? Ама и онака ќе не блокираа грците пак, пошто само на таков начин ќе не натераат да преговараме.
И не ми збори за Албанија знам како е, и е далеку од азиски тигар. Прочитав и за 102-то место и претпоставувам е заради "врескањата" на Велија и тоа е. Да беше толку лошо ние немаше сега да дебатираме на овој сајт.
Ама сепак постигнато е многу и џабе ќе лаеш кога ние буквално ги исполнивме сите критериуми што ни ги наведе ЕУ, фала богу со одредени слабости ама сите ги имаат, да не беше проблемот со Грција сега ќе бевме и ние на прагот на ЕУ заедно со Хрватска, во тоа сум сигурен. А и самиот мора да си признаеш тоа, ама зависи колку можеш трезвено да размислуваш од својата омраза.
А мојот став не е таков. Твојот е таков само во различен редослед односно "Грујо не чини, пошто е ист како минатите и ај да си ги вратиме". Да имаше со кој да го смениме досега ќе паднеше оваа влада, во тоа сум сигурен. Мислам види анкета, СДС 13%, Бранко 9%, мислам ни самите од сдс не веруваат во него.
Инаку мојот став е "Многу грешки се направија, некои намерно некои ненамерно, ама сепак помало зло се од враќање на старата гарда што не доведе во ваква ситуација и не направи ништо". Во 2008 луѓето гласаа за првпат ЗА некој, а не ПРОТИВ, овојпат ќе гласаат пак за помалото зло.
„Инженер“, ти со одвратен
Испратено на 18 април 2011 од Преродбеник (од следните)„Инженер“, ти со одвратен изродбенички штакор, ампутиран (од дух, морал, критериуми) партиски војник со најнизок чин! Попријатно е човек да се пичкара со најпримитивните вмровци од пред гранап, отколку со роботизирана (безлична) партиска пропаганда. Ти си жив, „Инженер“, ко што е живо страшилото од партали на запустена (т.е. преродена) нива со жито. Толку отприлика ви е жива и преродбата. Толку отприлика ви остана и елан за „нови победи“ („помалото зло“, викаш, а?!; дури и вие од пропагандните штабови почнавте од немукает да признавате дека груевизмот е беспоговорно зло!).
Одвратни сте, „Инженеру“! Ваква чума, ваков политички гнасотилак Македонија не видела од 45 навака! (а сешто видела, во меѓувреме, завршувајќи со гнасните фигури на Љубчо и Љубе, кои се бајчиња во однос на Грујо, Ставре, Горде итн.)
„Инженеру“, единствен ваш спас може да биде достоинствен пораз. Не дај боже да наместите „победа“! Ќе ве беси гневниот народ по бандери, сеедно дали тоа ќе биде за година или две. Поинтелигентните вмровци тоа почнуваат да го сфаќаат. Но, нискорангираните имбецили ко тебе, „Инженеру“, ќе бидат последните на кои ќе им ја запалат сијаличката...
Ооо преродбенику ( од 92-98,
Испратено на 20 април 2011 од ИнженеротОоо преродбенику ( од 92-98, 2001, 2002-2006 и 20??-????), од тие "најпаметните" што веруваат дека Бранко е олицетворение на натчовекот, од тие што веруваат дека поим за морал е Фрчко, во критериумите на Заев за вашата исхрана, слушни ме: ИДИОТ СИ! :)
Батали точкиве. Де ѕирни ја
Испратено на 19 април 2011 од Анонимен 223Батали точкиве. Де ѕирни ја колумнава на Мерсел (http://okno.mk/node/11072) И ако може без она класично „соросоид, предавник“. Прочитај ја и дај некој коментар. Да ти се разјасни малце на тема „помалото зло“. Мислам дека Мерсел најави одјавување на овие работи у научен труд.
Jaki fakti, epten. Inzenerski
Испратено на 17 април 2011 од Za inzenerotJaki fakti, epten. Inzenerski li se? So sto te plakaat za da si slep i gluv? Pu jaz'k od vakvi:(((