Конкретна поезија

18.05.2011 13:24
Конкретна поезија

***

зборовите се сенки
сенките стануваат зборови

зборовите се игри
игрите стануваат зборови

ако сенките се зборови
зборовите стануваат игри

ако игрите се зборови
зборовите стануваат сенки

ако зборовите се сенки
зборовите стануваат игри

ако зборовите се игри
сенките стануваат зборови


***
молчење молчење молчење
молчење молчење молчење
молчење               молчење
молчење молчење молчење
молчење молчење молчење


***

многу нешта се видливи
дрвото што стои на располагање
детето што стои на располагање

многу нешта стојат на располагање
видливото дрво
видливото дете

многу нешта се невидливи
дрвото што стои на располагање
детето што стои на располагање

многу нешта не се на располагање
видливото дрво
видливото дете

многу нешта се видливи
дрвото што не стои на располагање
детето што не стои на располагање

многу нешта стојат на располагање
невидливото дрво
невидливото дете

многу нешта се невидливи
дрвото што не стои на располагање
детето што не стои на располагање

многу нешта не стојат на располагање
невидливото дрво
невидливото дете

Ојген Гомрингер (Eugen Gomringer) е роден во Боливија, 1925 година, по потекло Швајцарец. Живее во околината на Бамберг, Германија. Еден е од родоначалниците на „конкретната поезија“. Соосновач е на списанието Spirale, 1952. Пишувал „констелации“, манифести и есеи. Ја составил антологијата на германската „конкретна поезија“.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото