Како Европејците се гледаат едни со други

01.02.2012 14:48
Како Европејците се гледаат едни со други

Додека кризата во Европа се шири, нејзините жители прибегнуваат кон стереотипизација за да се чувствуваат подобро и да го обвинат другиот за своите проблеми. Шест списанија во Европа од своите читатели побараа да напишат како ги гледаат своите соседи. Ова се резултатите.

Како Европејците ги гледаат Британците:

„Пијани полуоблечени хулигани и главно ’пицнати’ снобови.“

Што им одговараат Британците:

„Како можеме истовремено да бидеме ’дотерани’ и подивени хулигани кои полупијани ја соблекуваат облеката од себе?“

Како Европејците ги гледаат Французите:

Кукавици, арогантни и шовинистички сексуални манијаци.

Што им одговараат Французите:

„Кога е во прашање нашиот сексуален живот, истражувањата секогаш нè ставаат некаде во просекот.“

Како Европејците ги гледаат Германците:

„Исклучително ефикасни, внимателни, дисциплинирани и склони кон крадење на најдобрите лежалки и чадори на летување.“

Што им одговараат Германците:

„Сè е вистина... отсекогаш сме биле исклучително внимателни и дисциплиирани кога станува збор за правилното одржување на овие стереотипи.“

Како Европејците ги гледаат Италијанците:

„Ги избегнуваат даноците, живеат живот на големи заводници, налик на Берлускони, неспособни за храброст.“

Што им одговараат Италијанците:

„Нашиот најголем проблем е истото она што вие го почувствувавте читајќи ги овие предрасуди – самозадоволство.“

Како Европејците ги гледаат Полјаците:

„Ултракатолици кои многу пијат, со одредена црта на антисемитизам, и кои се исклучително посветени на водоинсталатерството.“

Што им одговараат Полјаците:

„Овие стереотипи се донекаде точни. Полјаците пијат просечна количина алкохол, навистина се католици, ама не се загрижени за тоа што црквата има да каже, и антисемити се онолку колку што е и просечниот Европеец.“

Како Европејците ги гледаат Шпанците:

„Мачо мажишта и огнени жени склони кон редовни паузи за ручек и забава која ги оневозможува да направат нешто друго – на пример, да работат.“

Што им одговараат Шпанците:

„Сликите од Шпанија кои висат по ѕидовите на Европејците главно се од летување. Но што се случува овде во остатокот од времето? Статистиката ни вели дека и ние го имаме денот понеделник.“

Извор: b92

ОкоБоли главаВицФото