ЕУ река (12): Несведливиот Друг

08.01.2020 21:52
ЕУ река (12): Несведливиот Друг

Фигурата на странецот во културниот простор на Европа нужно е и фигура на вечниот апатрид. Во него „изворните“ Европјани ја гледаат својата темна слика од другата страна на просветителството: расизмот и нетолеранцијата, масовната психологија на ксенофобијата како трауматско чувство на загрозеност од сопствената немоќ да се живее и дејствува во склад со космополитскиот поредок на транснационалното граѓанство. Missing-link-от на европскиот идентитет е она што е историски разурнато во Европа од самиот почеток на модерната доба до крајот на Втората светска војна - несведливиот Друг. Затоа ксенофобијата денес во Европа е радикално антиевропејство, разурнување на вистинскиот европски идентитет како хетерогеност и разлика, мноштвеност и толеранција. Од прогонот на Евреите во сите европски држави во текот на средниот век и модерната доба, протерувањето на Маварите / Арапите од Шпанија во име на христијанската Европа и духот на „вродената“ нација, и хомогенизацијата на етнички чистите простори во времињата на апсолутизмите, сè до модерните нации-држави, Другиот се толерира само репресивно, но не е признат како конститутивен момент на идентитетот. Несведливиот Друг, како што го одредува Дерида, е странец чијшто идентитет е токму во тоа едновремено да е пукнатина во самиот себе, свој и туѓ, а разликата го конституира идентитетот со празното место на слободата како постојано нова творба. Европа е токму макотрпна изградба на идентитетот од духот на несведливите разлики.

Избор и превод: Никола Гелевски
Гиф: Димитар Грчев

Рубриката „ЕУ река“ е финансирана од Фондацијата Отворено општество -
Македонија.

Слични содржини

Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото