Децата во Финска одат на училиште со велосипеди на -17

30.12.2019 13:39
Децата во Финска одат на училиште со велосипеди на -17

Финскиот град Оулу е одличен пример на активен велосипедизам во текот на целата година. Со адекватна инфраструктура и урбанистичко планирање, жителите на овој град покажуваат дека не мора да се користат автомпблите на прв знак на зимата.

Пека Такола, урбанистички инжинер и координатор за прашања поврзани со велосипедизам, направил фотографии од локалното основно училиште и паркингот преполн со детски велосипеди, иако кога ги направил фотографиите температурата била на студени -17 степени Целзиусови. Можеби изгледа необично што родителите ги пуштиле децата да одат во училиште на велосипеди на снег, но за Финците ова не е нешто невообичаено, напротив сосема е нормално и здраво.

Такола објаснува дека неодамна бил организиран проект во кој претставници од појужните краеви на Финска дошле во неговиот град за да видат како е организирана инфраструктурата, односно како се поврзани училиштата и градот. „Посетивме неколку училишта и разговаравме со наставниците и директорите, прилично сум сигурен дека ова училиште е еден од најдобрите примери, но секако не е единствен. Во повеќето училишта во Оулу децата доаѓаат со велосипеди или пешки“, вели тој.

Извор: MNN

 

ОкоБоли главаВицФото