Треба да се национализираат сите обложувалници и коцкарници
Двајца разговараат во кафеана, каков е твојот впечаток за Олимпијадата, мој впечаток е дека треба да се национализираат сите обложувалници, по ред, обложувалниците и коцкарниците, но тоа не е можно, што не е можно, се разбира дека е можно, тоа би било можно веќе утре, добар ден, добар ден, сопственичкиот статус на вашата обложувалница штотуку се промени, нов закон е донесен, имотот оди во рацете на локалниот здравствен дом и на јавниот базен, заборавете на судски процес, верувајте ми, само верувајте ми, не, нема да го правите тоа, не, туку своето дете ќе го запишете на пливање, од денеска е бесплатно за сите и условите за тренирање се подобри од било кога, но тоа не е демократски, што не е демократски, а народната демократија, а економската демократија, но тоа не е вистинска либерална демократија, е во вистинската либерална демократија ќе поверувам тогаш кога ќе го видам британското кралско семејство на шалтерот на бирото за вработување.