Русија усвојува закон за забрана на протести

06.06.2012 13:27
Русија усвојува закон за забрана на протести

Во вторникот, московската полиција приведе дваесетина лица кои пред зградата на рускиот парламент протестираа поради законот со кој, доколку биде усвоен, паричните казни за учество во неодобрените протести ќе се зголемат за 150 пати.

Над 20 активисти, меѓу кои и водачот на опозициската партија Јаблоко, Григориј Јавлински, беа притвореми пред државната Дума, поради неодобрен протест. Некои од нив набрзо беа ослободени.

Парламентот, под контрола на владејачката Обединета Русија, која и го предложи законот, започна расправа за амандманите на законот, чие усвојување се очекува деновиве. Опозициските лидери сметаат дека законот ќе ги влоши тензиите во руското општество и дека нема да ѝ остави на јавноста ниеден слободен канал за изразување на незадоволството.

Според предлог-законот, паричните казни за учество во неодобрени протести би можеле да се движат од 2.000 рубљи (60 долари) до 300.000 рубљи (9.000 долари). Владејачката Обединета Русија првобитно предложи зголемување на казната на 1,5 милиони рубљи (45.000 долари).

Пратеникот од опозициската Правична Русија, Генадиј Гудков, оцени дека овој закон е опасен.

„Во минатото, претераното вршење притисок во Русија само предизвикуваше крвопролевање. Тоа е сигурен пат кон граѓанска војна. Преземате одговорност за иднината на земјата и ја туркате во криза, колапс и крвопролевање“, изјави тој во Думата.

Обединета Русија на претседателот Владимир Путин контролира 237 од 450 места во парламентот, што ќе овозможи законот речиси сигурно да биде усвоен.

Правична Русија поднесе речиси 400 амандмани на предложениот закон, надевајќи се дека ќе ги „измори“ неговите предлагачи.

Рускиот претседател Путин го поддржа овој контроверзен закон. Во една изјава дадена минатиот месец тој рече дека ќе ја засили демократијата во земјата со тоа што ќе ги заштити граѓаните од „радикални акции“.

Премиерот Дмитриј Медведев претходно се спротивстави на носењето нови драконски мерки со изјавата дека „сите треба да се менуваме, а не само да ја заоструваме отчетноста“.

Некои аналитичари предупредуваат дека овој закон би можел да ја спречи средната класа да протестира во Москва, но додаваат дека веројатно нема да успее да застане на патот на гневната јавност против низата планирани реформи со кои се предвидува зголемување на цената на енергенсите и намалување на содијалните издатоци.

Извор: e-novine

Нема потреба од такво нешто

Нема потреба од такво нешто кај нас, пошто комуњарчињата:

1. се килави и не можат да соберат раја
2. се голи и боси (бидејќи, нели, Грујо приватизирал се`, а тие ништо)

Istoto se predlagase od

Istoto se predlagase od Stevco Jakimovski koga bese minister, ne zaboravajte. Muabetot bese deka koj i da protestira direktno se crta pred Vlada ili Parlament. Celta bese protestiranjeto da bide na predvideni lokacii za taa cel, izum na degenerativna bolest, taka sto.. ;)

ОкоБоли главаВицФото