Понекогаш пурата на Гручо не е само пура!

03.08.2012 09:04
Понекогаш пурата на Гручо не е само пура!

Доколку ја прифатиме идејата дека Холивуд е буквално „фабрика за соништа“, тогаш Фројд треба да го сметаме за прототипски филмски критичар, кој треба да нè научи како да ги дешифрираме скриените значења на целулоидните фантазии. Во документарниот филм, Первертитски водич за кино [The Pervert’s Guide to Cinema], словенечкиот филозоф, Славој Жижек, подвргнува повеќе од 40, претежно класични, филмови (на режисери како Чаплин и Хичкок) на психоаналитичка анализа.

Нам ни требаат филмовите, бидејќи во нив се содржани трагите на нашите вистински сепства, резонира Жижек, на многу забавен, дигресивен начин, помогнат со сочни клипови кои ги илустрираат неговите поенти.
Според таквиот пристап, Браќата Маркс се суперего (Гручо), его (Чико) и ид (Харпо). Во Психо [Psycho], трите платформи во куќата на Норман Бејтс – горниот кат, приземјето и подрумот – го отелотворуваат истото ужасно тројство. Според Жижек, бесните машки ликови во филмовите на Дејвид Линч, Синиот сомот [Blue Velvet] и Изгубениот автопат [Lost Highway], ја персонификацираат чистата фалусна агресија, ослободена од длабината на несвесното. Не е случајност тоа што композицијата-лајтмотив која провејува низ Синиот сомот е морничавата и страсна песна “In Dreams”, на Рој Орбисон.

Бидејќи за Жижек, „крајниот објект на анксиозноста е живиот татко“, Линчовите живи кошмари претставуваат манифестации на „таткото кој не сака да умре“. Трансформацијата на Анакин Скајвокер во Дарт Вејдер, во филмот Војна на ѕвездите: одмаздата на Сит [Star Wars: Revenge of the Sith], го илустрира истиот принцип.
Клиповите од филмовите на Хичкок и Линч се толку бројни, а коментарите на Жижек толку проникливи, што по гледањето на Первертитскиот водич за кино, никогаш нема да можете повторно да ги гледате тие филмови на ист начин. Ќе мислите дека тие режисери добивале инструкции од самиот Фројд за тоа како да ги визуелизираат своите идеи.

Употребата на зборот „первертит“ во насловот на филмот е помалку маркетиншко. Иако постои перверзно однесување во голем број клипови (особено во оние од филмовите на Линч), филмот, сепак, не е прирачник за анализа на перверзното однесување. Зборот само реферира на воајерскиот аспект на одењето в кино. Во темнината на киното ние можеме бесрамно да зјапаме во телата и да фантазираме без да бидеме забележани и, правејќи го тоа, се соочуваме со нашите демони во една безбедна средина. Филмовите на Хичкок, кој беше опседнат со манипулација на емоциите, постојано се поигруваа со претставата на гледачот како воајер.

Во овој документарен филм, во режија на Софи Фајнс (сестра на Ралф и Џозеф), Жижек честопати е сниман зборувајќи на истите локации каде филмовите биле снимани или на рекреирани сценографии. Го наоѓаме како плови на моторен чамец низ заливот Бодега во северна Калифорнија, местото каде се снимал Птици [The Birds], и како скита околу локациите каде бил снимен Вртоглавица [Vertigo]; тоа се двата филма на Хичкок, покрај Психо, кои се подвргнати на најтемелна анализа.

Исто како Фројдовата поделба на психата на три делови, така и филмот се развива во три надополнувачки делови. Првиот проучува како филмовите ги дразнат нашите желби и ни овозможуваат да ги канализираме несвесните нагони во забавни возбудувања. Сцената на убиство под туш во Психо и тоалетната шоља која се појавува во трилерот Разговор [The Conversation], на Френсис Форд Копола, се, според Жижек, медијатори за транспорт на „доказниот материјал“ за нашите сурови животински сепства на безбедно растојание.

Вториот дел ги испитува сексот и фантазијата во филмовите и доаѓа до одредени големи заклучоци: дека сексот е невозможен без фантазијата; дека вознемиреноста е најавтентичната емоции која ја чувствуваме; и дека фантазиите, заедно со филмовите кои се занимаваат со нив, претставуваат одбрана против вознемиреноста.

Третиот дел, кој се занимава со појавноста наспроти стварноста во филмовите, ја истражува парадоксалната сцена од филмот Волшебникот од Оз [The Wizard of Oz], во која дознаваме дека семоќниот волшебник е, всушност, еден стар човек кој попува од зад завеса. Дури и кога илузијата за семоќта на волшебникот ќе се открие, теоретизира Жижек, постои нешто пореално во илузијата, отколку во стварноста која стои зад неа. И така, кога старецот ќе му ја врачи дипломата на Плашилото, која докажува дека тој има мозок, Плашилото е убеден дека е паметен.

Жижек помалку потсетува на волшебникот. Иако е убедлив говорник (покрај неговиот дебел источно-европски акцент), тој е, исто така, академски магионичар и господар на интелектуалната умешност. Голем дел од неговите изјави, особено оние кои се вкоренети во противречноста и парадоксот, се одликуваат со лукаво жонглерство.
Наставниците за кои имаме најубави сеќавања се честопати оние кои нè забавувале додека нè подучувале, со помош на хиперболи зачинети со морска сол. Славој Жижек е меѓу таквите наставници.

Извор: movies.nytimes.com

подвргнува = подложува

подвргнува = подложува (правилно, на македонски јазик)

шоља = шолја (истото важи и во случајот со воља, кој се пишува волја)

Инаку, фин текст.

сомот = кадифе

сомот = кадифе

помалку = по малку (вака ви е

помалку = по малку (вака ви е сушта/с’штествена* спротивност) (два пати се јавува)

честопати = често пати (акцентска целост, се изговара слеано, но не се пишува)

е сниман зборувајќи = е сниман додека зборува

персонификацираат = персонифицираат

реферира = е референца

визуелизираат = визуализираат (види lektormk.blogspot.com)

се поигруваа = си поигруваа

сепства = WTF?

вознемиреноста е најавтентичната емоции = вознемиреноста е најавтентичната емоција

Првите две запирки во втората реченица се одвишни

источно-европски = источноевропски

И, копирајт на „клип“ има Иван С. Мирчевски.

* изберете си дијалект на македонскиот јазик кој повеќе ви лежи на срце

Да го гледавте на Скопскиот филмски фестивал 2007, подобар текст ќе напишевте, комуњари мрзливи. А не само да експлоатирате деца да ви преведуваат за без пари.

Гледајте сега да ги избришете

Гледајте сега да ги избришете и коментарите со циничната забелешка „фала, го поправивме текстот“ како што правевте неколку пати досега. Не бидете хомексуалци у душа, бидете си тоа само според сексуална определба.