Додека да смислат подобро име, детето го крстиле “New Folder”

05.12.2012 16:49
Додека да смислат подобро име, детето го крстиле “New Folder”

Скопје, 5 декември 2012 година

Брачна двојка од Скопје привремено го крстила своето дете со името “New Folder”, барем додека да смислат подобро име. Младите сопружници, двајцата програмери според професијата, долго време биле во дилема како да го крстат своето дете, па затоа и двајцата се сложиле тоа да се вика “New Folder”. Ова име е компромис и последица на нивната професија.

-Едноставно не можевме да се сложиме околу едно име кое ќе ни се допаѓа и на двајцата. Не сакавме однапред да го прашаме докторот за полот на нашето дете, затоа што сакавме до последен момент да бидеме во неизвесност и затоа се решивме за име кое се совпаѓа со двата полови.

Тие ни изјавија дека веќе прават листа со имиња кои им се допаѓаат и на двајцата, но сметаат дека името “New Folder” е сосема коректно, барем додека да измине законскиот рок за запишување на детето во матичната книга на родените.

Но, доколку и во тој рок тие не успеат да се сложат околу името, сметаат дека името „Дете бр.1“ ќе биде исто така во ред, па кога детето ќе порасне ќе биде во можност да го промени своето име во согласност со неговите желби и законските можности.

Адаптирано од: http://www.njuz.net