Вдовицата на Џорџ Харисон ја запре изградбата на неговиот споменик

15.01.2013 10:38
Вдовицата на Џорџ Харисон ја запре изградбата на неговиот споменик

Оливија Харисон, вдовицата на членот на Битлси Џорџ Харисон, забрани да се изгради споменик со биста на нејзиниот маж во градот Хинли на Темза. Идејата за изградба на статуа ја покрена Џејмс Ламберт, член на градското собрание и сопственик на компанија која се занимава со односи со јавноста, со желба на тој начин да му се заблагодари на славниот член на Битлси кој во тој град го помина најголемиот дел од животот, иако е роден во Ливерпул. Интересно е тоа што на Ламберт не му помогна ни тоа што собра речиси 1.000 потписи од граѓаните на Хинли.

„За мене е малку разочарувачки што нема да има споменик, но мораме да ја почитуваме желбата на Оливија. Штета е, затоа што признанието на Хинли за Џорџ Харисон сигурно би охрабрило повеќе луѓе да дојдат и да го посетат нашиот град“, изјави Ламберт за BBC.

Оливија Харисон објасни дека ја запрела изградбата на споменик затоа што смета дека би било многу покорисно градот да вложи пари во некои општествени проекти под името на Џорџ отколку да му изгради биста.

Џорџ Харисон, кој ги напиша легендарните „Something“, „Here Comes the Sun“ и „My Sweet Lord“, се пресели во Хинли во 1970 година, каде што купи голем имот и куќа, спасувајќи ја од уривање.

Извор: www.bbc.co.uk

ОкоБоли главаВицФото