Анкета за СК014 (21)

16.05.2013 12:42
Анкета за СК014 (21)

Најубавите подрачја паднаа како жртва на алчноста по пари и копнежот по моќ на новите варвари; каде стои големо дрво, го сечат, каде стои некоја стара зграда, ја рушат, каде прекрасен поток се слева во долината, го упропастуваат. (...) Сè што и најмалку има врска со културата се сомничи и се доведува во прашање сè додека не биде избришано. Бришачите се на дело, убијците. Си имаме работа со бришачи и убијци, на сите страни ја вршат својата убиствена работа. Бришачите и убијците ги убиваат градовите и ги бришат од лицето на земјата, ги убиваат пејзажите и ги бришат од лицето на земјата. Си седат тие на своите дебели газови во илјадниците и илјадниците канцеларии во секое катче на државата и во главата немаат ништо друго освен бришење и убивање...

Томас Бернхард, фрагмент од романот „Бришење. Распад“

***

Космичките луњи понекогаш предизвикуваат магнетни луњи на земјата. Човекот нема орган со којшто би ги регистрирал, па затоа често на морепловците одеднаш им полудува компасот, а тие тоа не го ни забележуваат. Ние живеевме токму во средиштето на една таква магнетна луња, но пропуштивме на време да ги препознаеме нејзините знаци. Не бевме виделе дека нашите слогани одамна ја загубиле секоја смисла и дека нè водат во погрешна насока. Ја привикувавме „демократијата“ свечено како во молитва и немо гледавме како најголемата европска нација, сосема демократски, им ги дава своите гласови на убијците. Се колневме во волјата на масите, а таа се преобрази во смрт и уништување. Молевме за толерантност, а злото што го толериравме на крајот ја уништи нашата цивилизација.

Артур Кестлер, автобиограсфски запис од книгата „Цигли за Вавилонската кула“

***

Поради кои причини релативно наивната грозница на неразумот во нашите времиња доби толку опаки, толку застрашувачки размери, се преобрази во вистинска епидемија на ирационализмот и институционализираното безумие?... Многу е да се очекува од мене сето тоа да го објаснам.. Правам колку што можам и обрнувам внимание на несомнените аналогии. Притоа додавам дека сум свесен и за некои денешни и овдешни погодности кои придонесоа за лошиот (домашен) развој на работите: колективниот интелектуалец има право и на колективни (ментални) регресии. Засега немам никаков друг одговор.

Богдан Богдановиќ, од „Јазичните стапици, писмо до ЦК на СКС“

Слики: Свирачиња

Слични содржини

Јавни Простори
Јавни Простори
Јавни Простори / Став
Јавни Простори / Став

ОкоБоли главаВицФото