Проактивност

25.05.2013 10:14
Новоговор: проактивност

Ако ја занемариме проактивната измамничка улога на рекламирањето на јогуртот, дневните и ноќните креми за унапредување на убавината или барем отстранувањето на мозолчињата, подобар крвоток, живот, убавина и блескав тен, унапредување на карактерот, јавниот настап, наоѓањето работа, дури и системот на јавното информирање, новоговорскиот поим проактивност значи и далекувидост, благовременост, претпазливост, визионерство... Накратко, проактивен е исто што и внимателен, прониклив, со моќ на забележување, паметен, мудар итн. Па кој не би го сакал тоа, иако е исто што и староговорското гатање, гледање, прогнозирање, превентивно дејствување, футуризам, магија, фрлање чинки, превентива, претпазливост...

Накратко, спремни сме на сè и ништо не смее да нè изненади. Освен дождот, животот и смртта.

Основниот извор на новоговорот, англискиот јазик на секоја фела, вели дека проактивноста е подготовка за мешање во или контрола на некој очекуван настан или ситуација, особено ако станува збор за лоша или тешка прогноза. Писателот на првиот речник на новоговорот, Џорџ Орвел, можеби знаел за тој збор, бидејќи се појавил некаде во триесеттите години, во времето пред тој да се впушти како новинар во авантурата на сведочење на Шпанската граѓанска војна. Како да го немало, денешните речници ќе ви објаснуваат дека проактивното дејствување е насочено кон предизвикување промени на настаните наместо на нив да се реагира откако ќе се случат, што е реактивно - и интересна асоцијација на преведување на природнте закони во општествената сфера. Проактивно е дејствувањето однапред во очекување на појава на нешто ново во облик на проблеми, човечки потреби или непосакувани промени. На пример, proactive steps to prevent terrorism - во што веројатно би требало да се вбројат и превентивните војни во Ирак, Авганистан, Либија и каде и да затреба, без оглед на тоа колку тероризам ќе се појави таму каде што претходно немало, и непланирано но прифатливо, во земјите кои ја водат таа глобална антитерористичка војна.

Во тоа светло иронично звучат новоговорските примери за проактивност како истражувањето на ставовите на потрошувачите за некоја фимра да ги унапреди своите услуги, или проактивната постапка на градските власти за вработување повеќе полицајци во борба против криминалот. На истиот пример, спротивност на проактивен е брзоплет, кратковид, невнимателен, непретпазлив... А изненаден?

Големиот јазички брат вели дека проактивноста значи дејствување против предвидените настани, истражување и уредување на системот заради полесен живот за сите.

За сите нас. А што се случува со нив?

Извор: vreme.com
Слика: Џо Драгт

Слични содржини

Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор

ОкоБоли главаВицФото