Ниту еден кандидат во Либерија не го поминал приемниот за факултет!

30.08.2013 08:15
Ниту еден кандидат во Либерија не го поминал приемниот за факултет!

Во годината кога Либерија ја одбележува 10-годишнината од мировниот договор со кој ја заврши 14-годишната граѓанска војна, земјата се соочува со друга катастрофа: 25.000 матуранти не успеале да го положат приемниот испит за да се запишат на некој од факултетите на Универзитетот на Либерија. Ова е прв пат ниту еден кандидат да не го помине приемниот испит.

Министерката за образование на Либерија, Етмонија Дејвид-Тарпе, вели дека е тешко да се поверува дека ниту еден кандидат не успеал да го положи приемниот испит. Таа најавува средба со официјалните лица на универзитетот, на која треба да се дискутира за проблематичниот исход од приемниот испит. Министерката го опиша неуспехот на потенцијалните студенти како „масовно убиство“.

Сепак, приватниот консултант Џејмс Дорбор Џала, кој бил најмен од универзитетот за да раководи со процесот на запишување на студентите и со приемните испити, ги потврди резултатите и изјави дека деновите кога студентите се запишувале на универзитетот со подмитување или врз основа на тоа колку моќни луѓе познаваат, се минато.

Иако студентите и јавноста се шокирани, негативните резултати за сега остануваат валидни.

Извор: BBC

ОкоБоли главаВицФото