Првиот звук во животот

28.12.13 15:06

Сара Чурман е името на девојката која е во фокусот на едно од најтрогателните видеа снимено кога и да е. Родена глува, таа не може да слуша до 29-годишна возраст - дотогаш технологијата за вметнување импланти за слушање не била доволно развиена.

Видеото го овековечува моментот кога уредот за слушање е вклучен за прв пат и таа конечно почнува да слуша звуци. Сара доживува целосен пресврт во животот - знаковниот јазик го заменува со зборување и слушање на зборовите на другите луѓе и звуците на околината. За искуството низ кое минува, Сара Чурман пишува во книгата Powered On.

Извор: sobadsogood.com

ОкоБоли главаВицФото