1014 hPa
93 %
0 °C
Скопје - Сре, 21.01.2026 17:28

Откако во јануари стана прва држава во САД во која е легализирана марихуаната, во Колорадо таа може да се купи на улица во секое време од денот, од посебно дизајниран апарат.
Апаратот се вика ZaZZZ, а во него за сега може да се најде само медицинска марихуана. При изработката на апаратот, користена е посебна технологија за да се избегне злоупотребата, па така е овозможена и проверка на возраста на купувачот.
Доволно е пред купувањето да се скенира некој личен документ на купувачот, а поставените камери на апаратот го проверуваат неговиот идентитет пред автоматот да ја дозволи продажбата на марихуана.
Сопственикот на апаратот Стивен Шеарин вели дека тоа е одличен начин за срамежливите луѓе да купуваат марихуана, а најавува дека планира да го модернизира така што со марихуаната ќе нуди и „зачинети“ колачи.
Извор: gazette.com