Улични баскетчии од САД се бунат зошто бројот на странци во мак-баскетот е ограничен на шест

14.05.2014 13:16
Улични баскетчии од САД се бунат зошто бројот на странци во мак-баскетот е ограничен на шест

Скопје, 14 мај 2014

Стотина улични баскетчии од САД денеска на маалско игралиште во Бруклин организира контрапротест на протестот на македонските кошаркари против одлуката на КФМ да може да има шест странци во една екипа.

„До кога ќе бидеме обесправени во однос на домашните кошаркари? Да се разбереме, немаме ништо против македонските играчи, но сметаме дека секој треба да добие рамноправна шанса за игра. Мојот сон е да заиграм за Кожув, а брат ми сонува за Лирија. Но, шансите да се реализираат нашите соништа се минимални. Зошто? Па, во Кожув веќе играат тројца Срби, а на проба се еден Црногорец и еден Босанец. Плус таму е веќе еден наш брат Американец. Едноставно, не е фер – вели Ајзеа Џордан, кој иако веќе ина полни 34 години, не губи надеж дека некогаш ќе заигра во македонската лига.

За да биде спремен, ако шансата некогаш се укаже, Ајзеа еднаш неделно игра баскет со другарите. Тој е спремен да ги намали килограмите од 140 на 120 за да биде што поконкурентен.

Извор: kozanostra.net

ОкоБоли главаВицФото