Илустрации на Владо Јоциќ за книгата „Во Солуна грош сомуна“ од Видое Подгорец

18.08.2014 11:22
Илустрации на Владо Јоциќ за книгата „Во солуна грош сомуна“ од Видое Подгорец

По илустрациите на Владо Јоциќ за „Годината моја и твоја“ и „Алка за нишалка“, претставуваме илустрации од книги за деца од истиот ликовен уметник, карикатурист и илустратор: „Во Солуна грош сомуна“ од Видое Подгорец.

Видое Подгорец (Колешино, 8 јуни 1934 - Скопје, 14 април 1997) — еден од најплодните македонски писатели, патописец, поет, раскажувач и романописец за деца и возрасни. Припадник е на втората генерација македонски писатели. Објавил голем број стихозбирки, раскази и романи.

Меѓу неговите најпознати книги спаѓаат Развигорче (поезија за деца, 1956), Ајдучка чешма (роман за деца, 1964), Белото Циганче (роман за деца и млади, трилогија, 1966), Весела азбука (поезија за деца, 1969), Првото писмо (роман за деца и млади, 1972), Црниот пантер (роман за деца и млади, 1981), Патешествијата на Силјан Штркот (роман за млади, 1983), Магарињата на Олимп (раскази за деца, 1994) и други,

Извор: Видое Подгорец, Во Солуна грош сомуна, „Детска радост“, 1981