Илустрации на Томо Шијак за „Светулки“ од Волче Наумчевски

10.09.2014 11:55
Илустрации на Томо Шијак за „Светулки“ од Волче Наумчевски

Илустрации на Томо Шијак за книгата „Светулки“ од Волче Наумчевски, објавена 1967 година. На Окно претходно ги претставивме илустрациите на Шијак за „Славејот ноќева во трендафили“ од Бошко Смаќоски.

Волче Наумчевски (Прилеп, 18 јануари 1916 - Скопје, 20 март 1980) е македонски писател кој објавил голем број стихозбирки за деца и возрасни меѓу кои спаѓаат „Поема за злото“, „Пролетни желби“, „Виорно знаме“, „Седумдесет цветови“ и многу други.

Во 1934 година се зачленил во „Трезвена ложа“. Во тој период ја напишал и својата прва песна „Молитва“. Во 1939 година му е објавена првата стихозбирка „Иди пролет“, печатена во Битола.

Во 1940 година бил мобилизиран во војската на Кралска Југославија. За време на окупацијата бил заробен и одведен во Бугарија. По враќањето во Прилеп активно учествувал во револуционерното движење во градот, а за време на октомвриското востание бил непосреден учесник.

За своите залагања во НОВ е одликуван со Орден на храброст, Орден за заслуги за народ и Орден на трудот. Од областа на литературата добитник е на наградата „11 октомври“ за животно дело.

Волче Наумчевски, Светулки, 1967
Илустрации: Томо Шијак (Тома Шијаковиќ)